Старо Нагоричане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Старо Нагоричане
Старо Нагоричино
Staro-Nagorichane-MKD.jpg

Поглед на селото Старо Нагоричане

Старо Нагоричане се наоѓа во Македонија
Старо Нагоричане
Местоположба на Старо Нагоричане во Македонија
Координати 42°11′53″ СГШ 21°49′42″ ИГД / 
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен регион
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Општина Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 555[1] жит.
Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Надм. вис. 480-540 м
Commons-logo.svg Старо Нагоричане на Ризницата


Старо Нагоричане (изворно: Старо Нагоричино) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во југозападниот дел на територијата на истоимената општина, од десната страна на реката Пчиња, недалеку од регионалниот пат Куманово-Крива Паланка. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 480 до 540 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 14 километри.[2]

Селото е големо и се состои од повеќе растурени маала, оддалечени од 500 до 2.000 метри.[3]

Атарот зафаќа површина од 14,9 км². На него обработливото земјиште зафаќа површина од 976 хектари, на пасиштата отпаѓаат 258 хектари, а на шумите 111 хектари.[2]

Во Старо Нагоричане постои главен дел на селото, наречен Село, како и 13 издвоени маала. Помеѓу нив се: Костинско, Стојилковско, Клисинско, Ванцинско, Пешковско, Богдановско, Попчевско, Пиленац, Крашутинско, Качаровско, Милојско, Сланинци и Бела Грамада. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Старо Нагоричане било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

Панорамски поглед на селото Старо Нагоричане

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Старо Нагоричане имало 1.150 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Старо Нагоричане имало 1.360 жители.[5]

Во 1961 година, селото било големо и имало 1.528 жители, од кои 1.382 биле Срби, а 141 жител Македонци. Во 1994 година, селото преминало во средно по големина и имало 638 жители, од кои 540 биле Срби, 90 Македонци и 2 Роми.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Старо Нагоричане имало 555 жители, од кои 100 Македонци, 1 Ром, 452 Срби и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.150 1.360 1.469 1.526 1.528 1.271 1.008 724 638 555
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Во главниот дел на селото, наречено Село припаѓаат следниве родови: Јовчинци (11 к.), слават Свети Никола; Павковци (11 к.), слават Свети Никола; Поповци (6 к.), слават Свети Јован; Шантировци (6 к.), слават Свети Никола; Чипчевци (6 к.), слават Свети Архангел; Медресци (5 к.), слават Света Петка; Ѓоргови (4 к.), слават Свети Јован; Бузини (3 к.), слават Света Петка; Вуци (3 к.), слават Свети Никола и Генајевци (1 к.), слават Света Петка.[3]

Во Стојилковско Маало се наоѓа родот Стојилковци (13 к.), слават Света Петка. Во Клисинско Маало се наоѓа родот Клисинци (6 к.), слават Света Петка. Во Ванцинско Маало се наоѓа родот Ванцинци (11 к.), слават Света Петка. Во Пешковско Маало се наоѓа родот Пешковци (6 к.), слават Света Петка. Во Богдановско Маало се наоѓа родот Богдановци (13 к.), слават Свети Никола. Во Попчевско Маало се наоѓаат два рода: Попчевци (14 к.) и Врањци (6 к.), слават Свети Никола. Во маалото Пиленац се наоѓа родот Пиленац (20 к.), слават Света Петка. Во Крашутинско Маало се наоѓа родот Крашутинци (6 к.), слават Свети Никола. Во Качаровско Маало се наоѓа родот Качаровци (5 к.), слават Свети Никола. Во Милојско Маало се наоѓа родот Милојци (6 к.), слават Свети Никола. Во маалото Сланинци се наоѓа родот Сланинци (2 к.), слават Свети Архангел.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на средишното основно училиште „Светозар Марковиќ“
Поглед на поштата

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Старо Нагоричане, во која селото Старо Нагоричане било единствено село.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Старо Нагоричане се наоѓале и селата Алгуња, Никуљане и Челопек.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — средновековен православен христијански храм, изграден во периодот од XI до XIV век

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Старо Нагоричане

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Музеи

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Старо Нагоричане има многу порани и понови иселеници. Иселеници од прво време се наоѓаат во селата: Стрновац, Лопате, Војник, Клечовце и Облавце. Поновите иселувања се по завршувањето на Втората светска војна, кога селаните се иселувале во градовите Куманово, Скопје и Белград.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Историски фотографии

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 26 март 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 285. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. конс. 22 мај 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Музеј за карпеста уметност на Македонија во Старо Нагоричане

Надворешни врски[уреди | уреди извор]