Дејловце
Дејловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Дејловце имало 44 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 455 | 480 | 397 | 413 | 368 | 306 | 147 | 72 | 60 | 44 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Дејловце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Златановци (8 к.), Реканци (8 к.), Везуличанци (8 к.), Стојановци (7 к.), Брлошковци (6 к.), Лукарчанци (4 к.), Долно-маалци (4 к.), Ливаѓани (4 к.) и Гробиштанци (2 к.) постои предание дека сите родови потекнуваат од ист предок, само никој не знаел да каже дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Дејловце има голем број на иселеници. Некои се иселувале помеѓу двете светски војни, а некои потоа. Иселеници има во Скопје (околу 10 семејства), Куманово (7-8 семејства), Качарево, Јабука и Глогоњ (севкупно околу 10 семејства).
Иселеници исто така има и во Тромеѓа (Тасиќи, Величковиќи, Младеноски и Димитријески), Доброшане (Митрески, Небитници, Петрушевски, Милковци, Додевски и Радевски), Стрезовце (Живушка и Дејловчани), Канарево (Дејловчанци).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 208. ISBN 9989649286.