Осиче (Кумановско)
Осиче — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Осиче имало 5 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 128 | 96 | 108 | 107 | 91 | 67 | 42 | 20 | 17 | 5 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Осиче е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени
Родови во Осиче се: Миленковци (5 куќи) нивното потекло е од селото Опила, кривопаланечко. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 60 г. во 1971 година) Цветан-Величко-Миленко кој се доселил во селото. Миленко во Опила убил Турчин и се доселил во Осиче; Стојковци (1 куќа) отсекогаш имале едно домаќинство, доселени се однекаде; Јаудици (1 куќа) и они се доселени однекаде; Веселиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Црвен Град, Горна Пчиња; Арсеновци (1 куќа) доселени се однекаде; Дитковци (1 куќа) родот го основал домазет кој дошол од кривопаланечкото село Гулинци.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Иселеници има во кумановските села Лопате и Тромеѓа, како и во градот Куманово.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: Универзитетска печатница „ Кирил и Методиј “. стр. 114–115.