Арбанашко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арбанашко
Викиекспедиција Козјачија 108.jpg

Поглед кон главниот дел од селото Арбанашко

Арбанашко се наоѓа во Republic of Macedonia
Арбанашко
Местоположба на Арбанашко во Македонија
Координати 42°15′54″ СГШ 22°00′00″ ИГД / 
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен регион
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Општина Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 40[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Надм. вис. 770-920 м
Commons-logo.svg Арбанашко на Ризницата


Арбанашко — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дел од главниот дел на селото Арбанашко, типично село од разбиен тип со поделени маала

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во североисточниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е раштркано и има ридско-планински карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 770 до 920 метри.[2] Од патот Куманово-Крива Паланка, селото е оддалечено 14 километри, а од самиот град Куманово е оддалечено 34 километри.[2]

Арбанашко е едно од помалите села во Кумановско, но неговата положба имала значење. Заедно со соседното село Рамно се наоѓаат на падините на планината Козјак. Во нивна близина се наоѓа превојот Свиларце (1.160 метри), а преку тој премин водел важниот регионален пат помеѓу двете соседни области, Кумановско и Горна Пчиња.

Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, Арбанашко се наоѓа под селото Рамно и повисоко од Кокино, од кое е оддалено со ридовите Калиште и Бели Брег. Тоа е растурено на неколку долови и толку скриено што човек тешко може да го најде. Според него било поделено на 3 маала: Врбица, Распрук и Арбанашко.[3]

Атарот зафаќа површина од 8,3 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 397,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 206,1 хектар, а на шумите 203,7 хектари.[2]

Села со кои се граничи Арбанашко се: Рамно, Дејловце, Бајловце и Кокино. Во близина на селото се наоѓаат левите притоки на Пчиња, како Бистрица, која тече спрема запад, и Петрошница, која тече према југозапад.[4]

Селото е од разбиен тип, а маалата се поделени по роднинска линија. Секое маало е составено од 1 до 5 домаќинства и се наречени по нив.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменикот од НОБ со напишани имиња на загинатите за Арбанашко и околните села

Народната традиција наведува дека денешните жители се доселеници на ова подрачје. Меѓутоа, тие дошле на местото на старите иселеници, со што мора да се означи ова село како старо. Тоа може да се потврди и од повелбата на познатиот српски средновековен севатократ Дејан, кај се споменува селото Арбанаси. Повелбата, царот Душан ја потврдил на 10 август 1355 година.[4]

Цвииќ и Пурковиќ се сложуваат дека ова село се однесува на денешното Арбанашко. Српскиот географ Јован Цвииќ уште наведува дека „тие Арбанаси биле странци во областа во која се населиле“. Меѓутоа, на атарот на селото сите поими се словенски, а не постојат ниту остатоци кои не биле словенски. Се претпоставува дека името на селото не потекнува од вистинските Арбанаси, туку може да се работи и за Словени иселени од западниот дел.[4]

Во 19 век, Арбанашко било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во турско време, плаќало спахилак од 7.000 грошеви и беглик од 3.800 грошеви. Произведувало јаболка.[3]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

На атарот на Арбанашко успеваат ’рж, овес и јачмен. Исто така, доста застапено е сточарството, особено одгледувањето овци. Во минатото многу луѓе оделе на печалба.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арбанашко имало 280 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арбанашко имало 280 жители.[6]

Населбата е мала и во 1961 година броела 263 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, од кои 58 Македонци и 4 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Арбанашко имало 40 жители, од кои 38 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280 280 326 288 263 194 118 76 63 40
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Арбанашко се споменуваат: Стубличани (5 к.), доселени од селото Сурлица од Горна Пчиња (до крајот на Втората светска војна нивното маало се сметало како дел од Кокино); Пајтари (1 к.), доселени од Нерав од Горна Пчиња; Скендерци (3 к.), не им се знае потеклото; Пољанчани (3 к.) и Врбичани (2 к.), потекнуваа од ист предок; Бајрактарци (4 к.) и Лингурци (2 к.), и тие потекнуваат од еден предок; Колчаковци (5 к.), доселени од негде; Гајаци (1 к.), Куравци (1 к.) и Кашкалци (1 к.), сите од еден предок; Мурудинци (2 к.) и Гарејци (2 к.).[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Арбанашко, во која влегувале селата Арбанашко, Буковљане, Длабочица, Рамно и Цветишница.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Арбанашко, во која покрај селото Арбанашко се наоѓале и селата Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Спас“, која останала недоизградена во текот на Втората светска војна
Цркви
Споменици
  • Споменик на НОБ, подигнат во чест на 40-годишнината од заседанието на АСНОМ, на кој се опишаните позначајните настани на подрачјето на месната заедница Арбанашко, жртвите и загинатите борци

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото по Втората светска војна бележи намалување на бројот на жители. Главно жителите се иселувале во Скопје (20 домаќинства) и во банатското село Глогоњ (10 домаќинства). Исто така, родот Арбанашанци (околу 25 к.) се населиле во близина на Куманово, додека Мајорци (1 к.) живеат во Облавце.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Споменик на НОБ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 18 март 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 12. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 13 април 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 372. ISBN 978-608-245-113-8. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]