Пелинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелинце

Поглед на маалото Костинци од спротивното маало Златинци на селото Пелинце

Пелинце во рамките на Македонија
Пелинце
Местоположба на Пелинце во Македонија
Пелинце на карта

Карта

Координати 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД / 42.22694; 21.82639Координати: 42°13′37″N 21°49′35″E / 42.22694° СГШ; 21.82639° ИГД / 42.22694; 21.82639
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 143 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17078
Надм. вис. 398 м
Слава Ѓурѓовден
Пелинце на општинската карта

Атарот на Пелинце во рамките на општината
Пелинце на Ризницата

Пелинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, во горното сливно подрачје на реката Пчиња, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Србија. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 370 до 550 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 33 километри.[2]

Пелинце е релативно големо село, кое се наоѓа во долината на реката Пчиња, како и на околните ридови. Околни села се: Враготурце, Карловце и Алгуња.[3]

Атарот е голем и зафаќа површина од 26,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 626 хектари, на пасиштата отпаѓаат 312 хектари, а на шумите 523 хектари.[2]

Пелинце е село од многу разбиен тип. Маалата на селото се распослани лево и десно од реката Пчиња. Лева од реката се: Балчинци (7 к.), Кимчинци (4 к.), Крагујци (3 к.), Китинци (5 к.), Пинџурци (4 к.), Калаверци (4 к.), Јужарци (4 к.), Киринци (2 к.), Блаќанци (4 к.), Џидинци (2 к.) и Црни Влајковци (4 к.). Десно од реката се: Орманци (4 к.), Колчаци (7 к.), Габранци (4 к), Бели Влајковци (7 к.) Миљинци (3 к.), Пашинци (1 к.), Костинци (4 к.), Златинци (4 к.) и Мишинци (11 к.).[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Пелинце спаѓа во старите села во Кумановската област. Во него живеат родови кои не се доселени, а на неговиот атар се пронајдени разни урнатини од старо време.[3]

Во оваа населба, која во литературата е позната и како Пеленија, постоела црква „Св. Никола“, којашто била изградена во XIV век, а во XIX век веќе била во урнатини.[2]

До втората половина на XIX век, преку Пелинце водел стариот патен правец Солун-Штип-Врање-Белград, поради што во селото постоеле анови.[3]

Во XIX век, Пелинце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

До 1912 година, селото било подложно на напади од страна на Арбанаси од околните села. Најчесто им краделе стока, волови и коњи.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Споменикот од НОБ во Пелинце
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948731—    
1953766+4.8%
1961671−12.4%
1971551−17.9%
1981400−27.4%
ГодинаНас.±%
1991265−33.8%
1994221−16.6%
2002191−13.6%
2021143−25.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пелинце имало 470 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пелинце имало 452 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]

Поради иселување на населението, селото преминало од средно по големина во мало. Тоа, во 1961 година броело 671 жител, од кои 628 биле Македонци, а 43 жители Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 221 жител, од кои 177 Македонци, а 36 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пелинце имало 191 жител, од кои 184 Македонци и 7 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 143 жители, од кои 127 Македонци, 1 Албанец, 3 Срби и 12 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 470 452 731 766 671 551 400 265 221 191 143
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Денешни родови се: Мишинци (11 к.), Златанци (4 к.), Габранци (4 к.), Костинци (4 к.) и Пашинци (1 к.), слават Свети Никола, а нивните маала се десно од реката Пчиња; Китинци (5 к.), Пинџурци (4 к.) и Крагујци (3 к.), слават Свети Архангел Михаил, а нивните маала се лево од реката; Кимчинци (4 к.) и Јужарци (4 к.), слават Свети Никола, а нивните маала се лево од Пчиња; Бели Влајковци (7 к.) и Црни Влајковци (4 к.), слават Свети Никола.[3]

Родови чии потекло се знае: Орманци (4 к.), слават Свети Архангел, доселени од кумановското село Бајловце, го знаат следното родословие: Тодос (жив на 79 г. во 1971 година) Милош-Марко-Стамен-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Колчаци (7 к.), слават Петковден, доселени од Старо Нагоричане; Миљинци (3 к.), слават Свети Ѓорѓи (есенски), доселени од Коинце; Блаќанци (4 к.), слават Свети Архангел, доселени од испустеното село Блаце, близу Бајловце; Киринци (2 к.), слават Свети Архангел, доселени од Старо Нагоричане и Калаверци (4 к.), слават Свети Никола, доселени од соседното српско село Узово.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Меморијалниот центар на АСНОМ сместен во атарот на селото

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Пелинце, во која влегувале селата Враготурце и Пелинце.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Пелинце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пузајка и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]
Музеи
Споменици
  • Споменик од НОБ
Реки

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најмногу иселеници од Пелинце се наоѓаат во Куманово (15 к.), Глогањ кај Панчево (15 к.), Скопје (10 к.), Кленак кај Шабац (7 к.), Пожаревац (3-4 к.) и други.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 231. Посетено на 18 април 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]