Цветишница
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Цветишница — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Цветишница имало 21 жители, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 80 | 107 | 128 | 141 | 93 | 43 | 19 | 30 | 21 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Цветишница е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
- Доселеници: Марковци (2 к.), Ѓоринци (5 к.), Клинчаровци (4 к.) и Костинци (1 к.) сите се доселени од селото Црвени Град во Горна Пчиња во Србија; Баба-Китинци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Врање во Србија; Дошлаци (3 к.) доселени се од некое село Кулинци кај Крива Паланка.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.