Стрновац
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Стрновац — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрновац имало 93 жители, од кои 87 Македонци и 6 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 160 | 330 | 355 | 389 | 312 | 240 | 121 | 106 | 93 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Стрновац е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јовановци (22 к.), Клинчарци (9 к.), Алабуцини (6 к.) и Шантирци (4 к.) сите се доселени од селото Старо Нагоричане. Во родот Јовановци се знае следното родословие: Стојче (жив на 66 г. во 1971 година) Максим-Арсо-Стојан, еден од првите доселеници; Беризимци (17 к.) доселени се од селото Драгоманце. Подалечно потекло од околината на Параќин во Србија; Гаговци (4 к.) доселени се однекаде; Челопечанци (3 к.) доселени се од селото Челопек.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1971 година 4 семејства се иселиле во Австралија. Во мај 1971 година 15 млади момци се спремале да се иселат во Австралија. Потоа планирале и своите семејства да ги повлечат.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.