Стрезовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стрезовце
Стрезовце (Кумановско) 03.jpg

Влезот во село Стрезовце

Стрезовце во рамките на Македонија
Стрезовце
Местоположба на Стрезовце во Македонија
Стрезовце на интерактивна карта

Карта

Координати 42°08′48″N 21°53′21″E / 42.14667° СГШ; 21.88917° ИГД / 42.14667; 21.88917Координати: 42°08′48″N 21°53′21″E / 42.14667° СГШ; 21.88917° ИГД / 42.14667; 21.88917
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 54 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1304
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17096
Стрезовце на општинската карта
Стрезовце во Општина Старо Нагоричане.svg

Атарот на Стрезовце во рамките на општината
Commons-logo.svg Стрезовце на Ризницата


Стрезовце или Стрезовци — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948561—    
1953645+15.0%
1961635−1.6%
1971493−22.4%
1981302−38.7%
ГодинаНас.±%
1991156−48.3%
1994136−12.8%
2002117−14.0%
202154−53.8%

Според пописот од 2002 година, во селото Стрезовце имало 117 жители, од кои 115 Македонци и 2 Срби.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 42 Македонци и 12 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 300 561 645 635 493 302 156 136 117 54
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Стрезовце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

  • Стари родови со непознато потекло: Велковци (10 к.), Стефановци (8 к.), Шуклинци (5 к.), Терзинци (3 к.) и Зајци (2 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Шарковчанци (10 к.) доселени се од некое село на Шар Планина; Попинци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Ниш, го знаат следното родословие: Славко (жив на 50 г. во 1971 година) Цветан-Кипријан-Стојан, кој се доселил во селото; Дедо-Илијини (5 к.) доселени се од селото Коњух; Живуша (10 к.) и Дејловчани (5 к.) доселени се од селото Дејловце; Зајачка Дупка (3 к.) и Чифличани (5 к.) доселени се од селото Огут.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Верски објекти
Археолошки наоѓалишта

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Како и од другите села, така и од ова село голем дел од населението се има иселено. Младенови се иселиле во селото Макреш. Менкини целосно се иселиле во Куманово.[8]

Посилен бран на иселување започнал после 1960 година и водел воглавно кон најблиските градови.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
  9. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 223. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]