Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Стрезовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
македонска православна црква
ЕпархијаКумановско-осоговска
Архијерејско намесништвоКумановско-кратовско
ПарохијаМладонагоричка
Местоположба

Карта

Координати42°08′49″N 21°53′26″E / 42.14694°N 21.89056°E / 42.14694; 21.89056
МестоСтрезовце
ОпштинаСтаро Нагоричане
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Завршено1606
Архитектонски опис

Св. Николаправославна црква во кумановското село Стрезовце, Општина Старо Нагоричане. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Ова е гробишен храм, сместен во маалото Илиевци, на патот за маалото Велковци. Изграден е и живописан во 1606 г. со помош на презвитер Петар.[2][3] На натписот е спомнат и пеќскиот патријарх Јован Кантул.[3] Градбата претставува трикорабна базилика со трикорабна припрата со спуштен свод со димензии 22 × 10 м и двокатен покрив. На исток завршува со полукружна апсида. Изградена е врз поголеми темели од стара црква. Фрескописот е делумно зачуван и стилски ѝ припаѓа на Линотопската школа.[3] Во 2006 г. е забележано дека бил во лоша состојба.[3][4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 140.
  3. 1 2 3 4 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1331. ISBN 978-608-203-024-1.
  4. „Црквата „Свети Никола" со музејска културно-историска вредност“ (PDF). Македонско Сонце, 629. 21 јули 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-29. Посетено на 2 април 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]