Враготурце
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Враготурце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Враготурце имало 55 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 214 | 258 | 175 | 183 | 174 | 158 | 132 | 73 | 68 | 55 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Враготурце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Стари родови со непознато потекло: Павловци (8 к.), Танасковци (5 к.), Петровци (3 к.), Величковци (2 к.), Даринци (1 к.) и Ѓеринци (1 к.)
- Доселени: Кметовци (5 к.) потекнуваат од предокот Стојан, кој се доселил од некое село во ќустендилско, Бугарија. Он во старото место убил некој човек, па пребегнал во Враготурце, тогаш селото имало само 3-4 куќи, во турско време овој род бил многу богат, држел околу 200 овци; Мачиштанци (2 к.) порано живееле на местото викано Мачиште, и по тоа го добиле името, тоа место припаѓа на манастирот Прохор Пчински, по местото каде живееле и го добиле името; Стајинци (1 к.) доселени се однекаде, они се најмал род.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.