Буковљане
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Буковљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Буковљане имало 75 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 205 | 160 | 232 | 241 | 231 | 200 | 134 | 89 | 80 | 75 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Буковљане е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
- Доселеници: Велковци (7 к.) и Гаврилци (7 к.) и Дреноглавци (9 к.) доселени се од селото Мусуљ кај Босилеград во Србија. Во првиот род се знае следното родословие: Божин (жив на 55 г. во 1950 година) Василко-Тодор-Смилко-Велко, кој се доселил пред околу 250 години; Шопци (9 к.) доселени се од селото Долна Лубата кај Босилеград во Србија. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 30 г. во 1950 година) Александар-Пешо-Стеван-Петар, кој се доселил; Милисковци (3 к.) доселени се од селото Рамно кај Куманово.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград.