Канарево
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Канарево — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Канарево имало 81 жител, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 322 | 400 | 509 | 466 | 518 | 465 | 307 | 145 | 129 | 81 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Канарево е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ѓоринци (9 к.), Џамбасци (9 к.), Стојановци (7 к.), Куравци (4 к.), Баба-Достинци (3 к.), Галагинци (3 к.), Бели-Вусци (3 к.), Аџијини (1 к.), Бошковци (1 к.), Поповци (11 к.) и Церовци (2 к.)
- Доселеници: Поповци (5 к.) и Дренчанци (3 к.) доселени се во различен период од селото Дренок кај Крива Паланка; Стојановци (1 к.) потекнуваат од православен Ром. Доселени се од селото Бајловце; Костадиновци (4 к.), Мацанци (3 к.), Додинци (3 к.), Прчовчанци (3 к.), Јовановци (1 к.) и Павлевци (1 к.) доселени се во различен период од селото Аљинце; Ѓуринци (4 к.) и Дејловчанци (3 к.) доселени се од селото Жељувино; Николинци (9 к.) и Милосковци (5 к.) доселени се од селото Калово кај Трговиште (Горна Пчиња).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.