Прејди на содржината

Карловце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карловце

Поглед на главниот дел од селото Карловце

Карловце во рамките на Македонија
Карловце
Местоположба на Карловце во Македонија
Карловце на карта

Карта

Координати 42°15′52″N 21°52′40″E / 42.26444°N 21.87778°E / 42.26444; 21.87778
Регион Североисточен
Општина Старо Нагоричане
ОбластКозјачија
Население во атар15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1302
Повик. бр.031
Шифра на КО17045
Надм. вис.405 м
Карловце на општинската карта

Атарот на Карловце во рамките на општината
Карловце на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Карловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина околу 405 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 30 километри.[2]

Селото се наоѓа мала висорамнина, лево и десно од долината на реката Бистрица, притока на Пчиња.[3]

Атарот е мошне мал и зафаќа површина од само 2,8 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 132 хектари, на пасиштата отпаѓаат 110 хектари, а на шумите само 29 хектари.[2]

Карловце е село од разбиен тип. Десно од Бистрица се маалата Тодоровци (3 к.) и Ќелинци (2 к.), додека лево од неа се маалата Ридарци (6 к.) и Стојановци (3 к.).[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

На атарот на Карловце нема остатоци на старини. Населбата спаѓа во релативно младите села во Кумановско. Основачи биле две домаќинства од кои потекнуваат денешните родови, Ќелинци и Стојановци, кои се доселиле од негде, веројатно во првата половина на XIX век.[3]

Карловце најпрвин се наоѓало во дното на долината на Бистрица, месноста Грашиште. Таму се наоѓало до 1870 година. Потоа, жителите се поделиле на маала.[3]

Во XIX век, Карловце било христијанско село во рамките на Кумановската Каза на Отоманското Царство.

До 1912 година, селото било подложни на грабежи од Арбанаси од селата Мутилово и Бугариња од Прешевско. Најчесто краделе волови и овци.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Одгледување овци во селото
Поглед на селото
Изолирана куќа, дел од селото

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Поради лошите услови во селото, неговите жители честопати оделе на печалба. Во текот на отоманскиот период, оделе во Романија и Бугарија како пекари и ѕидари. Во текот на двете светски војни оделе во Србија, а по завршувањето на Втората светска војна се одело во Германија.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Карловце имало 126 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карловце имало 120 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]

Карловце е мала населба, која што во 1961 година броела 77 жители, а во 1994 година само 16 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Карловце имало 11 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 4 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 126 120 127 78 77 66 34 18 16 11 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Малобројното население на Карловце потекнува од предоците на доселените. Родови се: Ќелинци (2 к.) и Стојановци (2 к.), слават Свети Никола; Тодоровци (3 к.), слават Свети Никола, со потекло од селото Бајловце, го знаат следното родословие: Ѓоргија (жив на 70 г. во 1970 година) Илија-Каравил, кој се доселил; Раманчани (4 к.), слават Свети Архангел, доселени во 1912 г. од селото Рамно; Иванковчани (2 к.), слават Свети Архангел, доселени помеѓу двете светски војни од Иванковци во Горна Пчиња.[3]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Карловце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Родот Гарејци (4 к.) се иселил во соседното Степанце. Во поново време, иселувањата биле кон градот Куманово.[3]

  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 148. Посетено на 17 април 2017.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. |access-date= бара |url= (help)
  4. ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
  8. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]