Младо Нагоричане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Младо Нагоричане
Младо Нагоричино
Викиекспедиција Козјачија 030.jpg

Издвоено маало на селото Младо Нагоричане

Младо Нагоричане is located in Македонија
Младо Нагоричане
Местоположба на Младо Нагоричане во Македонија
Координати 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД / 42.17028; 21.80167Координати: 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД / 42.17028; 21.80167
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 1292[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1312
Повик. бр. 031
Надм. вис. 400-450 м
Commons-logo.svg Младо Нагоричане на Ризницата


Младо Нагоричане (изворно: Младо Нагоричино) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Едно од многуте раштркани маала на Младо Нагоричане

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од десната страна на реката Пчиња. Дел од селото се наоѓа непосредно до регионалниот пат Куманово-Крива Паланка. Селото е рамничарско, но куќите се издигнуваат на надморска височина од 330 до 440 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 11 километри.[2]

Селото е најголемо во Кумановско и се состои од повеќе растурени маала, оддалечени од 500 до 2.000 метри. Околни села се: Старо Нагоричане, Тромеѓа, Војник и Стрезовце.[3]

Селото има мошне голем атар, што зафаќа површина од 48,1 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 3.831 хектар, на пасиштата отпаѓаат 596 хектари, а на шумите само 77 хектари.[2]

Младо Нагоричане има многу разбиен тип. Некои маала носат родовски имиња, како Брадиновци, Бузинци, Вујевци, Веселиновци, Ѓоринци, Смилчинци, Спасинци, Трандафиловци, додека други маала го дале своето име на некои родови.[3]

Селото има вкупно 37 маала, во кои главно живеат Македонци, освен десетина куќи населени со православни Цигани.[4][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Воени гробишта од Првата светска војна, т.н. „јуначки гробишта“.

Постои легенда која вели дека селото е создадено од двајца браќа, постариот брат направил куќа на местото каде сега се наоѓа селото Старо Нагоричане, додека помладиот брат направи куќа на местото каде сега е селото Младо Нагоричане.

Историските факти велат дека на оваа територија се формирала населба уште во VI век п.н.е. која опстојувала до III век п.н.е. Повторно заживување на овие простори имало во Римско време за што сведочат пронајдените римски гробови од VI век. За животот на овие простори сведочат и црквите Свети Ѓорѓи Победоносец од 11 век и црквата Света Петка од 17 век.

Во XIX век, Младо Нагоричане било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Во територијата на Младо Нагоричане се наоѓаат две технолошко–индустриски зони: Смиљчинци и Петрова Падина. Во селото работи фабриката за железни конструкции Стил Кон и познатиот ресторан Етно Село.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Младо Нагоричане имало 1.410 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Младо Нагоричане имало 720 жители.[6]

Младо Нагоричане е голема населба, но со значително намалување на населението. Така, населбата во 1961 година, имала 3.414 жители, од кои 3.387 биле Македонци и 25 жители Срби, а во 1994 година бројот се намалил на 1.488 жители, од кои 1.452 биле Македонци, 28 Срби и 8 други.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Младо Нагоричане имало 1.292 жители, од кои 1.273 Македонци, 1 Албанец, 17 Срби и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.410 720 2.940 3.226 3.414 2.822 2.183 1.608 1.488 1.292
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Како најстар род и воопшто маало во Младо Нагоричане се спомнува Чулевци, кои се доселиле од соседното Старо Нагоричане, додека најмлад род е Карабичанци, доселени од кумановското село Карабичани, каде се нарекувале Поганци.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Средишното основно училиште во Младо Нагоричане

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Младо Нагоричане, во која влегувале селата Војник, Младо Нагоричане и Тромеѓа.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Младо Нагоричане, во која покрај селото Младо Нагоричане се наоѓало и селото Тромеѓа.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е прогласен споменик на културата, изградена во XVI век
Поглед на Костоперската Карпа
Цркви[10]
Споменици
Карпи

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Народен собор Света Петка (7 август)
  • Народен собор Света Богородица (27 август)

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Младо Нагоричане постои само еден спортски клуб.

  • ФК Зебрњак

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Втората светска војна, младото население започнало да се иселува во градовите Куманово и Скопје. Иселувањата траат и денес, каде покрај натамошната миграција село-град, почнало и иселување во европските земји.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 20 март 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 198. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 22 мај 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  4. Авторот Јован Трифуноски во своето дело ги нарекува „православни Цигани“.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]