Дренок (Кумановско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дренок
Дренок is located in Македонија
Дренок
Местоположба на Дренок во Македонија
Координати 42°12′04″N 22°01′51″E / 42.20111° N; 22.03083° E / 42.20111; 22.03083Координати: 42°12′04″N 22°01′51″E / 42.20111° N; 22.03083° E / 42.20111; 22.03083
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 54 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1361
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17034
Надм. вис. 976 м
Дренок на општинската карта
Дренок во Општина Старо Нагоричане.svg

Атарот на Дренок во рамките на општината
Commons-logo.svg Дренок на Ризницата


Дренок (или Дренак) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во планинската област Козјачија и е од разбиен тип, чии маала лежат на надморски височини од 640 до 1.040 м. Атарот зафаќа 16,5 км2[1]

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Дренок било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дренок (Дрѣнъкъ) живееле 525 жители, сите Македонци христијани.[2][3]

Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дренок имало 560 Македонци, сите под егзархијата.[2][4] Според бугарски извори, сите 82 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[5]

Во учебната 1907/1908 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото имало српско патријаршистичко училиште, што значи дека тоа биле години на борба за превласт помеѓу бугарската и српската пропаганда врз населението.[6]

За време на Првата светска војна Дренок имал 755 жители.[7]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарско стопанство. Според податок од 1998 г. има 456,1 ха обработливо земјиште, 652,1 ха пасишта и 204 ха шуми.[1]

Население[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 525 560 657 696 666 517 364 157 114 54
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Според пописот од 2002 година, во селото Дренок имало 54 жители, сите Македонци. Следува табела на националната структура на населението според тој попис[11]

Националност Вкупно
Македонци 54
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Споменик на учесниците во НОБ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  5. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
  6. Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
  7. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Надворешни врски[уреди | уреди извор]