Тромеѓа (село)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Тромеѓа — село во Општина Куманово на растојание од 4 км од градот Куманово.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 2002 година во селото живееле 1.298 жители, од кои 692 Македонци, 604 Срби и 2 останати.[1]
Родови[уреди | уреди извор]
Тромеѓа е мешано село
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Српски
- Стрике (4 к.) доселени се од селото Плашко во Лика (Хрватска). Свилари (2 к.) и Ханиќи (1 к.) доселени се од селото Пеќана во Лика. Крајиновиќи (2 к.) доселени се од селото Читлук во Лика. Мандиќи (1 к.) доселени се од селото Јошани во Лика. Ралиќи (1 к.) доселени се од селото Мочила во Лика. Сите се познати под името Личани.
- Дојчиновиќи (3 к.), Манчиќи (1 к.) и Костиќи (1 к.) доселени се од селото Завој кај Пирот. Симоновиќи (3 к.) доселени се од селото Вучје кај Пирот. Сите се познати и под името Пироќани.
- Ѓорѓевиќи (3 к.) доселени се од Големо Села кај Врање. Симиќи (2 к.) доселени се од селото Лукарце кај Врање. Познати се и под името Врањанци.
- Стајиќи (5 к.), Павловиќи (3 к.), Пауновиќи (2 к.) и Козједољани (12 к.) доселени се од Козји Дол во Горна Пчиња. Станојковиќи (3 к.) доселени се од селото Јабланце во Горна Пчиња. До овде наведените српски родови се доселени помеѓу 1920/23 г.
- Козједолчани (80 к.) доселени се од Горни и Долни Козји Дол во Горна Пчиња во текот на Втората светска војна и подоцна.
Македонски
- Таневски (6 к.) доселени се од селото Суви Дол близу Страцин кај Кочани. Јовановски (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка. Тасиќи (7 к.), Величковиќи (4 к.), Младеновски (3 к.) и Димитријевски (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Козјачани (13 к.) доселени се од селата на планината Козјак. Паланчани (13 к.) доселени се од разни села во Кривопаланечко.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Спорт[уреди | уреди извор]
Во селото игра фудбалскиот клуб „Победа“, основан во 1977 г. Има играно во Третата лига — Север. Моментално учествува во Општинската фудбалска лига Куманово.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |