ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Светозар Марковиќ“
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Старо Нагоричане
Наречено по: Светозар Марковиќ
Нас. место: Старо Нагоричане
Основни информации
Настава на: македонски и српски
Контактни информации
Телефон 031/495-323

Основно училиште „Светозар Марковиќ“ (официјално: Основно општинско училиште „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане; скратено: ООУ „Светозар Марковиќ“) — единствено основно училиште во селото Старо Нагоричане, едно од трите основни училиште во Општина Старо Нагоричане. Училиштето се наоѓа на влезот во селото Старо Нагоричане.

Во основното училиште, наставата се изведува на македонски и српски јазик.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето е изградено 1924 година. Материјалот за изградба на училиштето го обезбедил кралот Александар Караѓорѓевиќ, како и мештаните на селото. Првите учениц во новата зграда биле запишани во 1924/1925 година. Во таа училишна година во училиштето учеле 192 ученици. Во периодот од 1931 до 1935 година, број на учениците се движел од 200 до 230 ученици. Во училишната 1964/1965 година училиштето добило нова зграда во која наставата се изведува и денес, а во таа училишна година во училиштето биле запишани 307 ученици. Денес ова е единствено училиште во Македонија во кое наставата целосно се изведува на српски јазик. Училиштето секоја година го прославува Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија Савинден како училишна слава.

Подрачни училишта[уреди | уреди извор]

Во рамките на општинското основно училиште „Светозар Марковиќ“ се наоѓаат и две подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Старо Нагоричане. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Алгуња
  2. Подрачно основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Никуљане

Наводи[уреди | уреди извор]