Телефон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обичен фиксен телефонски апарат

Телефон (од грчки: „теле“ (τηλέ) што значи „оддалечен“ и „фон“ (φωνος) што значи „звук“) е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук (главно, човечки говор) од едно место на друго и обратно.

Вовед[уреди | уреди извор]

Постојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален (фиксен телефон), кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски (од англиското „Voice over IP“ што значи Говор преку Интернет протокол) што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакно, микробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени „традиционалните“, фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за „фиксни“ телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.

Делови на телефонот[уреди | уреди извор]

Телефон од 1896 од Шведска

Деловите на телефонот се:

  • МТК (Микротелефонска комбинација), односно слушалка,
  • Тастатура или бројчаник, зависно од моделот, макар што денес сè повеќе се користат телефони со тастатура
  • ѕвоно
  • и други делови

Историја[уреди | уреди извор]

Останува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио Меучо, Јохан Филип Рајс, Александар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои „единствен пронаоѓач на телефонот“. Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна.

Безжичен телефон

Безжични телефони[уреди | уреди извор]

Безжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година. Тие се составени од базна станица којашто преку кабел е споена со мрежата на фиксната телефонија, и слушалка којашто со радиобранови е споена со оваа базна станица. Тоа на корисниците им дозволува да ја носат слушалката без базна станица, во досегот на базната станица. На базните станици им е потребен напон за да комуницираат со преносната слушалка, така што безжичниот телефон во принцип не функционира доколку нема струја. Безжичните телефони во почетокот ја користеле фреквенцијата од 1,7 MHz за комуникација помеѓу базата и слушалката. За да се подобри квалитетот и за да се надминат проблемите со ограниченоста на досегот, ова покасно се променило така што се користи FM на повисоки фреквенции (49 MHz, 900 MHz, 1,8 GHz, 2,4 GHz, и 5,8 GHz). Телефоните кои работат на фреквенција од 2,4GHz често се мешаат со одредени безжични мрежни протоколи (802,11 b/g) затоа што ја користат истата фреквенција. Денес, досегот на безжичните телефони обично е 150-500 метри.

Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Сакав само да телефонирам“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес [1]
  • „Телефонски басни“ - поетска збирка на словенечкиот писател Густав Крклец.[2]
  • „Висејќи на телефон“ (Hanging on the telephone) - песна на американската рок-групаБлонди“ (Blondie) од 1978 година.[3]
  • „Телефон“ (Telephone) - песна на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.[4]
  • „Телефонски повик“ (The phone call) - песна на британската рок-група „Притендерс“ (Pretenders) од 1980 година.[5]
  • „Телефонски повик“ (The phone call) - песна на германската електро-поп група „Крафтверк“ (Kratfwerk) од 1986 година.[6]
  • „Телефонски повик од Истанбул“ (Telephone Call From Istanbul) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[7]
  • „Телефонска секретарка“ (Answering Machine) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (Replacements) од 1984 година.[8]
  • „Телефон“ - песна на југословенската рок-група „Фит“.[9]
  • „Телефонско нешто“ (Telephone Thing) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1990 година.[10]
  • „Телефон“ - песна на македонската група „ПМГ Колектив“ од 2012 година.[11]
  • Мобилен телефон“ - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]