Прејди на содржината

Гладница (Драгоманце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гладница

Карта

Местоположба 42°13′42″N 21°51′49″E / 42.22833°N 21.86361°E / 42.22833; 21.86361
Основни податоци
МестоДрагоманце
ОпштинаСтаро Нагоричане
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Гладницаархеолошко наоѓалиште во кумановското село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане. Претставува некропола од доцната антика.

Во селото, на левиот брег на Пчиња се гледаат гробови издлабени во карпа. Селаните од соседното село Пузајка, во 1970 г. раскопале повеќе гробови, оштетени од порано. И во нивата на Киро Крстевски биле откриени гробни конструкции во кои се најдени скелетни погребувања и гробни прилози (прстени). Некрополата се врзува за наоѓалиштето Гладница во нивите на манастирот „Прохор Пчински“ каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.