Горно Турманли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Турманли
Ανω Ροδωνιά
Горно Турманли is located in Грција
Горно Турманли
Горно Турманли
Местоположба во областа
Горно Турманли is located in Меглен
Горно Турманли
Местоположба на Горно Турманли во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57.50′N 22°1.38′E / 40.95833° СГШ; 22.02300° ИГД / 40.95833; 22.02300Координати: 40°57.50′N 22°1.38′E / 40.95833° СГШ; 22.02300° ИГД / 40.95833; 22.02300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупновбројано во Биџова Маала
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Горно Турманли (грчки: Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија; до 1926 г. Τουρμανλή, Турманли[2]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес населба на селото Биџова Маала во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè со 1920-тите било населено со Турци, а денес е населено со грчки дојденци и едно македонско семејство.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Горно Турманли е сместено во средиштето на котлината Меглен, 4 км југозападно од С’ботско.[3] Денес е дел од селото Биџова Маала, а во минатото било дел од селото Турманли во кое било маало заедно со Долно Турманли.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото е релативно ново, подигнато од Турци сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена в Константинопол се вели дека во 1873 г Турман (Tourman) било село во Воденската каза со 27 куќи на 96 жители муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Торомин Махале живееле 225 Турци.[6] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни Турманли (Горно и Долно) имало 35 турски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото Турманли (сочинето од двете маала) е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 338 жители, кои во 1920 г. спаднале на 282.[3] Во 1920-тите населението на Турманли е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од таа земја. Во 1926 г. е преименувано во Ано Родонија.

Според пописот од 1928 г. селото Турманли било наполно дојденско, со 261 грчки дојденец од вкупно 65 семејства.[7] Во таа пописна година Горно Турманли почнало да се брои како одделно населено место, со 103 жители, кои во 1940 г. стамнале 127.[3] Во 1951 г. населението двојно се намалило, и сега имало 63 жители. Селото покажува периоди на наизменичен раст и опаѓање сè до 1991 г. кога имало 85 жители. Во текот на следното десетлетие веќе престанало да се смета за одделно место и почнало да се вбројува кон Биџова Маала како нејзина населба.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 127 63 91 60 45 85
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето целосно се наводнува и затоа дава високи приноси. Главни производи се житото, гравот, овошјето, грозјето и др.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τουρμανλή -- Ροδωνιά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 86. 
  4. Дем Мъглен
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_04.htm. 
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928