Пиново
| Пиново | |
|---|---|
| Πίνοβο | |
Поглед на Пиново од југозапад | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 2.156 м |
| Координати | 41°06′12″N 22°07′13″E / 41.1033°N 22.1202°E |
| Географија | |
| Место | Меглен, Егејска Македонија |
Пиново или Блаца (грчки: Πίνοβο, Πλάτσα, Μπλάτσα, Пиново, Блаца, Плаца) — планина во Мегленско, Егејска Македонија, на границата со Р Македонија. На запад се надоврзува на планината Ниџе, а на исток продолжува во Кожуф. Во поножјето се селата Тушин (Аетохори) и Трстеник (Триопетра). Највисок врв е Корфула со висина од 2.156 м.[1] Други повисоки врвови на Пиново се Висоград (Βίσογκραντ, 2.150 м) и Калуѓер (Καλόγερος, 1.873 м). На планината се воделе борби за време на Првата светска војна.[1]
Растителност и животни
[уреди | уреди извор]На планината преовладуваат буковите и боровите шуми, кои се присутни до надморска височина од 1.800 м, а оттаму веќе преовладува високогорската (алпска) растителност. Застапени се најразновидни животни, како што е кафеавата мечка, волкот, еленот, но и ретки грабливи птици како златниот орел, орелот-змијар, мршојадците и други.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Στο Πίνοβο με την υπέροχη κορυφογραμμή του“. HikingExperience. 8 јануари 2017. Посетено на 4 јули 2017.
| ||||||
