Орел-змијар
Орел-змијар | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Јастреби |
Потсемејство: | Орли-змијари |
Род: | Орел-змијар |
Вид: | Орел-змијар |
Биномен назив | |
Circaetus gallicus (Gmelin, 1788) | |
![]() | |
Лето Постојан жител Зима |
Орелот=змијар (науч. Circaetus gallicus), познат и како краткопрст орел е средно голема птица грабливка од семејството соколовидни која вклучува многу други денски грабливки како соколите, орлите, јастребите и мршојадците.
Оваа птица се среќава и во Македонија.
Распространетост[уреди | уреди извор]
Овој вид птици се од Стариот Свет кој се раширил низ Средоземјето, Русија и Блискиот Исток, како и на делови од Азија, претежно во Индија, како и уште подалеку, на неколку индонезиски острови.
Оние кои живеат на северниот крај на Средоземјето и во други делови на Европа се селат главно во потсахарска Африка, северно од екваторот, напуштајќи го живеалиштето во септември-октомври, а се враќаат во април-мај.
Орелот-змијар што живее на Блискиот и Далечниот Исток се постојани жители, односно не се птици преселници. Во Европа најбројни се во Шпанија кај што се честа појава, но на другите место е реткост да се видат. Во Британија, на пример, за првпат е регистрирана во октомври 1999 година.
Живеалиште[уреди | уреди извор]
Орелот-змијар живее на отворено, кај обработливите рамнини, сувите каменести листопадни грмушести области и подножја, како и во полупустински области. Тие бараат дрва за вгездување.
Опис[уреди | уреди извор]
Возрасните единки се долги 62-67 см со распон на крилјата од по 170-185 см и тежат 1,2 - 2,3 кг.[1] Се препознаваат по долната доминантна бела страна, а горните делови се сивкасто-кафени. Брадата, вратот и горниот дел се окер, земјено кафена боја. Дополнителни показатели дека се работи за орел-змијар се и заоблената глава како на був, светложолтите очи и светло поткрило.
Орелот-змијар е вистински летач кој поминува повеќе време во лет од повеќето други членови од неговиот род. Сакаат да летаат над падини, врвови и свлечишта и ловат најчесто од положба над 550 м. Кога се на отворен терен често лебдат како соколи. Литањето се одвива при полн распон на крилата.
Поведение[уреди | уреди извор]
Исхрана[уреди | уреди извор]
Нивниот плен се претежно влекачи, главно змии, но исто така и по некој гуштер. Понекогаш тие се плеткаат со поголеми змии и настанува битка на теренот.[2] Повремено, тие ловат мали цицаци до големина на зајак и ретко птици и големи инсекти.
Огласување и размножување[уреди | уреди извор]
Овој орел е начелно многу тивок. Во одредени прилики, прави варијации од разни свиркачки ноти.
Снесува само едно јајце, и е долговечен, живеејќи над 17 години.
Присуството на орелот-змијар е многу изретчено во Европа, и е многу редок, а во некои земји неговата бројка и понатаму опаѓа, поради промените во земјоделството и искористувањето на земјиштето. Затоа бара да биде заштитен вид.
Во Средниот и Далечниот Исток, видот не е загрозен.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Del Hoyo, J. Elliott, A. and Sargatal, J. (1994) Handbook of the Birds of the World, Volume 2: New World Vultures to Guineafowl Lynx Edicions Barcelona
- ↑ Jerdon, TC (1862). The Birds of India. Volume 1. Military Orphan Press. стр. 77.
- „Circaetus gallicus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 12 мај 2006.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Портал за орелот-змијар (англиски)
- „Стареење и полови односи на орелот змијар“ Архивирано на 23 јули 2011 г. - Хавиер Бласко-Зумета и Герд-Михаел Хајнце (англиски)