Прејди на содржината

Калуѓер (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калуѓер
Καλογκέριτ / Kalogerit
Калуѓер на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.480 м
Координати40°46′00″N 20°57′04″E / 40.7666°N 20.9512°E / 40.7666; 20.9512
Географија
МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Мала Преспа, Албанија
Карта

Калуѓер или Калугер[1] (грчки: Καλογκέριτ, албански: Kalogerit) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Грција, односно македонските области Мала и Голема Преспа (егејскиот дел). Практично претставува срт на Сува Гора.[2]

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината влегува во Националниот парк „Преспа“ и е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница со граничните пирамиди бр. 1 - 10. Највисок врв е истимениот Калуѓер (1.480 м), кој е на албанска територија. На југ превојот Урида го двои од сртот Слива (гран. пирамида бр. 12).[2]

Во геолошки поглед, планината е сочинета од варовнички карпи.[2]

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[2] се следниве:

ИмеАлбански/ГрчкиВисина
(м)
МестоположбаЗемја
КалуѓерKalugerit1.480во западниот делАлбанија
КоноΚώνος, Κόνο1.427во источниот дел, гранична пирамида бр. 4Албанија, Грција
ЛофкаLofkë1.408во западниот делАлбанија
Церо1.341во средишниот дел, гранична пирамида бр. 3Албанија, Грција
МарицаΜαρίτσα1.334во источниот делГрција
ГрадоΓκράντο, Μέγα1.312во источниот делГрција
Вицари НивјеΒιζαρονίβιε, Βιζαράνια, Βιζαρόνιο1.214во средишниот дел, гранична пирамида бр. 2Албанија, Грција

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 480. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 1 2 3 4 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 402. ISBN 978-960-86676-6-2.