Горуша
Горуша | |
---|---|
Βόιο | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1805 м [1] |
Географија | |
Место | Костурски и Кожански округ, Егејска Македонија |
Горуша или Војнова Планина (грчки: Βόιο, Војо) — планина во југозападниот дел на Костурскиот и западниот дел на Кожанскиот округ во Егејска Македонија, денес Грција. Претставува дел од поголемиот венец Пинд Долга е 25-30 и широка околу 15 км. Највисоката точка е на 1.805 м.[1] Прекриена е со густа шума и слабо е населена. Соседни планини се Грамушта на запад и Смолика на југозапад.
Во правец север-југ планината минува по границата меѓу општините Нестрам (на запад) и Горуша (на исток). Горуша ја дели Егејска Македонија на север и исток од Епир на запад.
На северозапад Горуша преминува во Грамушта. На север е долината на реката Бистрица со Нестрамско и селото Нестрам. На североисток е областа Костенарија со селата Вичишча, Ланга и Скумско. На југоисток се наоѓа општината Горуша. На југ е планината Василица. На запад е долината на реката Сарандопор во Епир со селата Борботско и Котелци.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Горуша (општина) — наречена по планината
- Костур (округ)
- Кожани (округ)
Наводи[уреди | уреди извор]
|