Ново Котелци
| Ново Котелци Νέα Κοτύλη | |
|---|---|
Ново Котелци | |
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°29′N 20°59′E / 40.483°N 20.983°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Костур |
| Општина | Нестрам |
| Општ. единица | Нестрам |
| Надм. вис. | 1,311 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 92 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново Котелци (грчки: Νέα Κοτύλη, Неја Котили) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 92 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено на падините од североисточната страна на планината Горуша, на околу четири километри североисточно од селото Котелци, кое настрадало за време на војната, југозападно од Костур и Нестрам.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Ново Котелци е нова населба изградена непосредно по граѓанската војна во Грција. Во населбата според пописот од 1961 година се евидентирани 542 жители. Меѓутоа, поради неповолните услови за живеење и потрагата по подобар живот, по шеесеттите години почнало постепеното преселување во поголемите градови и побогатите села, така што бројот на жителите во Ново Котелци веќе во 1971 година се намалил на 225.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | — | 473 | 542 | 225 | 196 | 122 | 86 | 150 | 92 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Пописи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 34.
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 35.
Извори
[уреди | уреди извор]- Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.
| ||||||||||||||||||||||||||