Долно Граче
Изглед
Оваа статија се однесува на село во Костурско. За селото во Кочанско, погл. Долно Гратче.
Долно Граче Κάτω Πτελέα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°27.59′N 21°4.23′E / 40.45983°N 21.07050°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Надм. вис. | 800 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 36 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Долно Граче или Долно Гратче (грчки: Κάτω Πτελιά, Като Птелеја) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 36 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 17 км западно од градот Костур. Лежи во североисточното подножје на планина Гал’мбица по која оди границата со Албанија. Низ него тече малата река Черешново, лева притока на Бистрица (Белица) над с. Дреничево.
Историја
[уреди | уреди извор]Долно Граче било долно маало на Граче сè до 1961 г. кога е прогласено за одделно село.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110 | 72 | 101 | 93 | 70 | 57 | 36 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 15. ISBN 9989-9819-6-5.
|