Чука (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чука
Αρχάγγελος
Урната куќа во Чука
Урната куќа во Чука
Чука is located in Грција
Чука
Чука
Местоположба во областа
Чука is located in Нестрам (општина)
Чука
Местоположба на Чука во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°26.45′N 21°3.41′E / 40.44083° N; 21.05683° E / 40.44083; 21.05683Координати: 40°26.45′N 21°3.41′E / 40.44083° N; 21.05683° E / 40.44083; 21.05683
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Надм. вис.&10000000000000852000000852 м
Население (2011)[1]
 • Вкупнонема
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чука (грч. Αρχάγγελος — до 1955 година, Τσούκα)[2] — поранешно село во Егејска Македонија, Околија Костур.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во општината Нестрам, 23 км западно од Костур во источното подножје на границата помеѓу Грција и Албанија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Манастирската црква.

Во отоманските даночни регистри од средината на 15 век, селото Чука е споменато со 29 глави на семејства и тројца неженети: Папа Никола, Свето, Богдан, Јорг, Никола, Рајко, Стајко, Станимир, Алекса, Никола, Мавријад, Дабижив, Михо, Јано, Бано, Лазори, Никола, Тодор, Јорг, Јорг, Стамат, Михо, Богдан, Папа Герг, Михо, Стајо, Герг, Димо и Јорг. Вкупниот приход за империјата од селото е 2.090 акчиња.[3]

Селската чешма

Според статистиката на Васил Иванов К’нчов од 1900 година („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чука има 154 жители христијани.[4]

Во почетокот на 20 век целото население на Чука е под владеењето на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година минува под владеењето на Бугарската егзархија.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („Македонија и нејзиното христијанско население“) во 1905 година во Чука има 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Грчка статистика од 1905 година не ја одразува промената и го претставува селото Чука (Τσούκα) како грчко село со 150 жители.[7]

Според Георги Константинов Бистрицки, Чука пред Прва балканска војна во 1912 година има 30 македонски куќи и 1 грчка,[8] а според Георги Христов, 30 македонски и 1 влашка.[9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Пред војната селото е окупирано од страна на грчки монархисти и по Втората балканска војна останува во рамките на Грција. За време на Граѓанската војна селото е тешко оштетено и насилно напуштено од жителите, а 59 деца се извадени од комунистичките единици надвор од земјата како деца-бегалци. Во 1955 година ненаселеното село е преименувано во Архангелос (Αρχάγγελος).

Демографија[уреди | уреди извор]

  • 1913 − 164 жители
  • 1920 − 149 жители
  • 1928 − 152 жители
  • 1940 − 205 жители
  • 1951 − 0 жители

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Крај селото е обновениот манастир „Свети Архангели“.

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото е насилно напуштено во 1949 година. Речиси сите живи поранешни жители се преселиле во Република Македонија и Австралија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούκα -- Αρχάγγελος
  3. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 105
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
  5. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 125.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 182-183.
  7. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Tsouka.
  8. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  9. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]