Слимница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слимница
Τρίλοφος
Слимница is located in Грција
Слимница
Слимница
Местоположба во областа
Слимница во рамките на Нестрам (општина)
Слимница
Местоположба на Слимница во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.35′N 20°52.26′E / 40.45583° СГШ; 20.87100° ИГД / 40.45583; 20.87100Координати: 40°27.35′N 20°52.26′E / 40.45583° СГШ; 20.87100° ИГД / 40.45583; 20.87100
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Надм. вис.&100000000000011500000001.150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно6
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Слимница или Сливница (грчки: Τρίλοφος, Трилофос; до 1950 г. Σλήμνιτσα, Слимница,[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 40 км западно од градот Костур. Сместено е на левиот брег на реката Бистрица и во јужното подножје на планината Алевица по која оди границата со Албанија. Се наоѓа мошне блиску до границата, на надморска висина од 1.150 м[3] меѓу врвовите Конопица (1.334 м) и Пор (1.202 м), познат и како Свети Христофор, по името на старата црква што била таму до Граѓанската војна (1946 – 1949).[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на селото[уреди | уреди извор]

Селото е основано од македонско население доселено од Епир и денешна Албанија. Според преданијата на старите слимничани Вангел Пржинков, Пандо Главиновски, Чомо Терзицки и Вангеле Синатковски, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и од селата Чета, Ситница, Видово и други места кои денес со во Албанија.[5]

Преселби во Брацигово и Ковачевица во XVIII век[уреди | уреди извор]

Околу 1770 или во 1791 г. многу жители на Слимница и соседните Омотско и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија) поради угнетувања од страна на албанското население.[6][7] Тие пристигнале во Пештера со сиот движен имот и добиток, па почнале да ги обиколуваат околните села Брацигово, Козарско, Кричим и Перуштица, барајќи место да се населат. Слимничани биле бичкиџии (обработувачи на дрво), омотчани биле градители, а орешчани — занаетчии: бојаџии, сапунџии, шарлаганџии, бочвари и џамбази. Се населиле во Брацигово, кајшто немало Турци. Девет слимничани се населиле во Перуштица, дел од омотчаните се населиле во Козарско и други омотчани и орешчани останале во Пештера, каде го основале Габер Маало.[8] Наследниот управник на Татарпазарџичката каза Хасан-бег Гаванозоолу им дал дозвола да се населат во Брацигово и да ги ја избегнат работата на оризарниците задолжителна за староседелците во замена за градителска работа на неговите седум чифлици секоја година. Во Брацигово омотчани, најмногубројни од доселениците, се населиле во северниот дел на селото и го основале Омотското Маало. Слимничани се населиле во источното маало, а орешчани, како најмалубројни, во средината на селото.[9] Од Слимница се истакнатите претставници на Брациговската градителска школа, Никола Тројанов (1775 - 1862) и Петар Чомпел (~1746 – ?).[6]

Од Слимница потекнуваат брациговските родови Канчевци, Јанковци, Ликомановци, Шишковци, Тројановци, Ценовци, Сокеровци, Трпомановци, Терзикинци, Прекумовци, Чомпаловци, Џамбазовци, Долгачевци, Петлешковци, Волевци, Неделковци, Ќослевци, Чомовци.[10]

Семејства од Слимница, заедно со омотчани и добролиштани во 1791 г. се населиле и во неврокопското село Ковачевица во Пиринска Македонија, каде го создале т.н. Арнаутско Маало. Тие се занимавале со градителство и ја основале Ковачевичката градителска школа.[11]

Слимница во XIX век[уреди | уреди извор]

Икона на Светите Три Јерарси од Слимница

На крајот од XIX век Слимница било големо македонско село во Костурската каза, едно од петте Јановенски Села. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Горното Маало е од 1843 г., а „Св. Атанасиј“ во Долното од 1872 г.[4] Во 1880 г. селото имало 200 семејства.[4] Во 1878 г. по Грчкото востание во Македонија заедно со соседното Пилкати е разгромено од албанските банди на Абидин. Многу од жителите се преселиле во Костур, а по предавањето на Тесалија на Грција во 1881 г. се преселиле во Големо Кесерли и Трикала.[4] Според Сребрен Поп Петров до околу 1915 г. двете горички (корчански) македонски села Бобоштица и Дреново се женеле само меѓу себе и со селани од Слимница, бидејќи трите села делеле исти обичаи и ист говор.[12]

На почетокот на XX век целото население на Слимница било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сливница има 400 Македонци под врховенството на патријаршија и во селото работело грчко училиште.[13][14]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слимница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[15]

Според Георги Константинов Бистрицки Слимница пред Балканските војни имала 40 македонски куќи.[13][16]

Во егзархиската статистика за 1908/1909 г. Атанас Шопов ја ставил Слимница во списокот на македонските патријаршиски села во Корчанската каза.[13][17]

Во првите години на XX век во околината дејствувала албанската чета на качакот Сали Бутка која собирала пари и добиток од Јановени, Пилкати, Слимница и Тухол.[18]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од грчка војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во составот на Грција. Во 1920 г. селото броело 612 жители.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека Слимица има 80 куќи на словени христијани.[19] Во 1928 г. населението се свело на 366 жители, од кои само тројца биле грчки доселеници. Имало три политички убиства.[20] Во 1924 г. на ридот помеѓу двете селски маала е изградено училиште (кое постои и денес) со финансиска поддршка од Алексиос Самарас, трговец со дрвена граѓа од Волос. Негови градители биле арванитски мајстори од Штика во Колоња. Во 1928 г. училиштето го посетувале 68 деца, а детската градинка имала 22 деца.[4] За време на Втората светска војна, во летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјони заедно со Омотско, Пилкати и Јановени со цел да се ликвидираат партизанските бази.[21]

За време на Граѓанската војна селото многу настрадало и на 27 јули 1947 г. жителите го напуштиле, преминувајќи во посигурните полски села.[4] Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е полусрушена.[4] По војната властите не им дозволиле на селаните да се вратат во Слимница.[3]

Во 1950 г. селото е преименувано во Трилофос, иако било во урнатини. Со указ од 16 декември 1953 г. атарот на Слимница е припоен кон атарот на Тухол.[3]

Во Слимница стои старата камена чешма на влезот населото, како и остатоците од манастирот „Св. Јован Претеча“ на самата државна граница, гледајќи кон Арза и параклисот „Св. Христофор“.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 343 23 31 6
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Слимница
  • Атанас Петров (Αθάνασιος Πέτρου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
  • Бељо (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Васил Влутов (Βασίλειος Βλούτος) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
  • Васил Костов Георгиев (Василис Георгиу Фармакис) — учесник во Грчкото востание во Македонија во 1878 г.[4]
  • Волчо Терзи (~1746 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Вељо (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Георги Василев (Γεώργιος Βασιλείου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
  • Гинко (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Гого Џамбаз (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Дингоз (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Јованис Радиналис (Γιοβάνης Ραδιναλής) — гркомански андартски деец[23]
  • Каљор (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Коле Долгач (~1756 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Коцата (~1756 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Ќосле (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Канчо (~1721 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во изградбата мостот на Марица во Пазарџик[6]
  • Лазар (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Мирчо (Неделковски) (~1761 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Михо Терзицки (Михалис Раптис) — фолклорист во Македонија, автор на „Фолклорот на Јановенските села“[24]
  • Насе Петлешка (~1756 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Никола Белов (Николаос Белос) — учесник во Грчкото востание во Македонија во 1878 г.[4]
  • Никола Карпутов (Νικόλαος Καρπούτας) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
  • Никола Троянов (~1775 – 1862) — мајстор-градител
  • Петко Кьорколев (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Петар Чомпел (~1746 – ?) — мајстор-градител
  • Пашку (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Рајчо (~1716 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., участвал в построяването на моста на Марица в Татар Пазарджик[6]
  • Сокер (~1741 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Тане Клетбашов (~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Тасе Каратанас (~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Темелко Ќосеќоев (~1741 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Тројан (~1736 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Тројанче (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Трпе Манов (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Харилај Христов (Χαρίλαος Χρήστου) — гркомански андартски деец, агент од ІІ ред[22]
  • Христо Грабада (Ицо, ~1751 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Христо Прекум (Ицо, ~1746 - ?) — мајстор-градител, преселен во Брацигово во 1791 г., учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816 - 1819 г.[6]
  • Цено (~1741 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Червенко (~1751 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Чоме (~1761 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Шишко (~1726 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
  • Јанко (~1721 - ?) — градител, преселен во Брацигово во 1791 г., претставник на Брациговската школа[6]
Други
  • Ангел Бојанин (1825 – 1902) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
  • Ангел Петлешков (~1810 – 1822), кмет на Брацигово, по потекло од Слимница
  • Димитар Бојанин (1800 – 1876) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
  • Иван Бојанин (1818 – 1877) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
  • Никола Бојанин — револуционер, по потекло од Слимница
  • Никола Тројанов (1824 – 1876) — револуционер, по потекло од Слимница
  • Петко Бојанин (1828 – 1889) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
  • Тодор Чомов (1857 - 1927) — учесник во Бугарските доброволни чети, по потекло од Слимница
  • Филип Георгиев (Боревич) Ќосејлев (1847, Брацигово - 1897, Брацигово) — четник од II чета на II дружина на Бугарските доброволни чети, пуштен од служба на 24 јуни 1878 г., и по војната работел како дуќанџија во Брацигово,[25] по потекло од Слимница
  • Христо Бојанин (1798 – 1875) — мајстор-градител, по потекло од Слимница
  • Христо Трајанов (1926 – 2015) — писател во Бугарија, по потекло од Слимница

Литература[уреди | уреди извор]

  • Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 42. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 „Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 23 декември 2015.
  5. Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор. стр. 12.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 6,21 6,22 6,23 6,24 6,25 6,26 6,27 6,28 6,29 6,30 6,31 6,32 Бербенлиев, Пейо и Владимир Патръчев (1963). Брациговските майстори-строители през XVIII-XIX век и тяхното архитектурно творчество. София: Държавно издателство „Техника“. стр. 12–27. Посетено на 23 декември 2015.
  7. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 4.
  8. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 5.
  9. Юруков, Даниил (1931). Брацигово. София: Г. Д. Юруков. стр. 6.
  10. Дамянова, Екатерина. „Прадедите ни“. Литературен свят. Занемарен непознатиот параметар |достъп_дата= (help)
  11. Тилев, Жеко (1987). „Ковачевица“. Музеи и паметници на културата. Комитет за култура (1): 8.
  12. Петровъ, Сребренъ п (1933). „Български села въ Албания“ (PDF). Отецъ Паисий. София. VI (2–3): 73. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  13. 13,0 13,1 13,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  14. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  15. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  16. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
  17. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
  18. „Η Ιστορία του Πεύκου“. Pefkos.gr. Посетено на 26 јануари 2021.
  19. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 17.
  20. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Trilofos Архивирано на 26 јули 2007 г..
  21. Giamov, Yana (2013). Beyond the Mountains. The life story of two partisans Vasil and Elena Radis (PDF) (англиски). стр. 40. Посетено на 24 декември 2015 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 88. ISBN 978-960-12-1724-6.
  23. ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ
  24. Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор.
  25. Христов, Иван, и др. Българското опълчение 1877 - 1878 : Биографичен и библиографски справочник. 1 : I, II, III дружина. [Казанлък]: Издателство „Казанлъшка искра“ ЕООД, „Ирита Принт“ ООД. стр. 251. ISBN 954-692-001-0.