Слатина (Костурско)
Слатина Χρυσή | |
---|---|
Координати: 40°16′N 20°59′E / 40.267° СГШ; 20.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Аренес |
Надм. вис. | 1.130 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 96 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Слатина (грчки: Χρυσή, Хриси; до 1926 г. Σλάτινα, Слатина[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 96 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа 40 км југозападно од градот Костур, високо на пазувите на планината Грамошта на надморска височина од 1.130 м. [3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во даночните записници од средината на XV век Слаитна е споменато со 17 глави на семејства и еден неженет: Витан, Којо, Васил, Војнак, Анастас, Ѓуро, Петру, Ѓуро, Тодор, Алекса, Димос, Јорги, Михал, Никола, Новак, Михо, Насто и Мане. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.499 акчиња.[4]
Во XIX век Слатина било грчко село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Слатина имало 120 жители, сите Македонци.[6]
Според грчки извори, во 1905 г. Слатина имало 500 жители Грци.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Слатина се запишани 349 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 325 лица.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главно занимање на населението е шумарство, а помалку со сточарството и земјоделството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Слатина во минатото била чиста македонска населба, но е напуштена во немирните години. Подоцна во неа се населиле грчки семејства од областа Епир, познати како Качауни.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 507 | 385 | 428 | 333 | 252 | 215 | 210 | 124 | 96 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Аренес со седиште во селото Борботско, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Слатина, во кој влегува и селото Висанско.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Пантелејмон“ и поранешен манастир
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Slatina -- Chrysi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-06-17.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 41.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 82
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-06-17.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Xrisi“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|