Горички Санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горички Санџак

Горички Санџак (турски: Görice sancağı) — (санџак) на Отоманското Царство со седиште во градот Горица (Корча) во Албанија. Основан е во XV век со османлиското освојување на подрачјето, а престанал да постои во Балканските војни (1912–13). Од 1874 до 1912 г. бил еден од санџаците на Битолскиот Вилает. Ја опфаќал територијата на југоисточна Албанија и северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Македонците живееле на целата нејзина територија, а особено мнозинство биле во Горичката и Костурската каза.

Кази[уреди | уреди извор]

Санџакот бил сочинет од следниве кази:

  • Горичка
  • Поградечка (Истарова)
  • Ерсечка (Колоњска)
  • Костурска

Население[уреди | уреди извор]

Според рускиот конзул во Битола, А. Ростковски, заклучно со 1897 г. санџакот броел вкупно 175.702 жители, од кои 113.303 Албанци (81.262 мислимани и 32.035 христијани — во обете групи вклучувајќи албанизирани Македонци), 38.235 Македонци (30.008 под патријаршисти и 8.227 под [[Бугарска егзархија|под врховенството на Бугарската егзархија]]). Имало 9.549 Грци христијани и 294 Грци муслимани, главно во градот Костур. Власите броеле 9.377 лица (3.297 во Горичко и 6.080 во Костурско).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Једна статистика из средње Маћедоиније“. Нова Искра (15–16): 251. 26 јули 1899.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]