Висанско
Висанско Πευκόφυτο | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°17′N 20°57′E / 40.283° СГШ; 20.950° ИГДКоординати: 40°17′N 20°57′E / 40.283° СГШ; 20.950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Аренес |
Надм. вис. | 961 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 84 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Висанско (грчки: Πευκόφυτο, Певкофито, до 1928. година Βύσαντσκο/ν, Висанцко/н[2]) — село во општина Нестрам, Егејска Македонија со 84 жители (2001).
Географија[уреди | уреди извор]
Југозападно од Костур и Нестрам, во јужните пазуви на планината Грамушта, на самата граница на Македонија со Епир, е расположено селото Висанско. Покрај селото тече реката Коница (Сарандапорос).[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Во постаро време селото претставувало чисто македонска населба, која била напуштена во воените години, а потоа била населена со Грци дојдени од Епир како сточари. Во крајот на 19. век Висанско е село во Борботската нахија во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Висанско има 160 жители Грци.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Селото според пописот од 1913 година имало 174 жители, во 1920 година 176, во 1928 година 231, а во 1940 година 322 жители. Селото настрадало во граѓанската војна, а населението целосно било повлечено во 1947 година, а вратено во 1950 година. Во пописот од 1951 селото има 166 жители. Главно занимање на населението е шумарство, а споредни се сточарството и земјоделството.[5]
Пописи[уреди | уреди извор]
- 1913 - 174 жители
- 1920 - 176 жители
- 1928 - 231 жител
- 1940 - 332 жители
- 1951 - 166 жители
- 1961 - 242 жители
- 1971 - 113 жители
- 1981 - 37 жители
- 1991 - 41 жител[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βύσαντσκον -- Πευκόφυτον
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 10.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
- ↑ Христов Симовски 1998, стр. 11.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Pefkofito“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2017-03-20.
Извори[уреди | уреди извор]
- Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.
|