Нестрам (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Нестрам
Δήμος Νεστορίου
Dimos Nestoriou - West Macedonia.svg
Општина Нестрам
на картата на Западна Македонија.
Nestram-ot-Gorusha.jpg
Нестрам од планината Горуша.
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Костур
Гео. област: Нестрамкол
Население: 2598 (2001)
Седиште: Нестрам
Нас. места: 24
Пошт. бр.: 520 51
Пов. бр.: 24670-31
Портал: nestorio.gr

Нестрам (грчки: Δήμος Νεστορίου, Димос Несториу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Општината ги опфаќа селата во областа Нестрамкол, а нејзин административен центар е истоименото село Нестрам. Населението брои 2 598 жители (2001).

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамушта.

Напомена: Називите „Акритес“ и „Аренес“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Нестрам[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Нестрам има 1 782 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Поранешната општина Нестрам на картата на некогашниот округ Костур.
  • Општински оддел Нестрам (1 214 жители)
  • село Нестрам (Νεστόριο, Несторио) (954 жители)
  • село Јановени (или Јановене; Γιαννοχώρι, Јанохори) (17 жители)
  • село Омотско (Λειβαδοτόπι, Ливадотопи) (41 жители)
  • село Пеликат (Μονόπυλο, Монопило) (20 жители)
  • село Радигоже (Αγία Άννα, Агија Ана) (70 жители)
  • село Слимница (Τρίλοφος, Трилофос) (31 жители)
  • село Стенско (Στενά, Стена) (3 жители)
  • село Тухол (Πεύκος, Певкос) (78 жители)
  • Општински оддел Грче (396 жители)
  • село Дреничево (Κρανοχώρι, Кранохори) (270 жители)
  • село Граче (или Гратче; Πτελέα, Птелеја) (56 жители)
  • село Долно Граче (или Долно Гратче; Κάτω Πτελέα, Като Птелеја) (70 жители)
  • Општински оддел Котелци
  • Општински оддел Селско

Јановени, Омотско, Пеликат, Тухол, Стенско и Слимница немаат постојани жители (2001).

Во општинската единица има неколку отселени места за време на Граѓанската војна:

  • Дреново (Γλυκονέρι, Гликонери);
  • Загар (Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас);
  • Котелци (Κοτύλη, Котили), кое географски припаѓа на Епир;
  • Мирославци (Μυροβλήτης, Мировлитис), кое географски припаѓа на Епир;
  • Лисотер (Περιστερά, Перистера);
  • Чука (Τσούκα или Αρχάγγελος, Цука или Архангелос).

На територијата на општинската единица се наоѓаат и атарите старите и одамна отселени влашки грамуштенски села Линотопи (Λινοτόπι), Ветерник (Βετέρνικ, Βετέρνικο) и Фусија (Φούσια).

Општинска единица Акритес[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Акритес на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општината Акритес (Δήμος Ακριτών)со седиште во Ревани има 1 109 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места в източното подножје на планината Грамушта (Грамос):

  • Општински оддел Ревани (733)
  • село Ревани (Διποταμιά, Дипотамија) (624 жители)
  • село Зеленград (Μεσόβραχο, Месоврахо) (42 жители)
  • село Калевишча (Καλή Βρύση, Кали Вриси) (67 жители)
  • Општински оддел Грлени
  • село Грлени (Χιονάτο, Хионато) (155 жители)
  • Општински оддел Крчишча
  • село Крчишча (Πολυάνεμο, Полианемо) (63 жители)
  • Општински оддел Шак
  • село Шак (Κομνηνάδες, Комнинадес) (158 жители)

На територијата на демовата единица е и денес напуштеното Ново Село (Κορφούλα, Корфула).

Општинска единица Аренес[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Аренес на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Аренес (Κοινότητα Αρρένων)со седиште во Борботско има 623 жители и опфаќа четири села:

  • Општински оддел Борботско
  • Општински оддел Жужел
  • село Жужел (Ζούζουλη, Зузули) (84 жители)
  • Општински оддел Слатина (246 жители)
  • село Слатина (Χρυσή, Хриси) (210 жители)
  • село Висанско (Πευκόφυτο, Певкофито) (36 жители)

Општинска единица Грамушта[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Грамушта на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општината Грамушта или Грамошта (грцизирано: Грамос; Κοινότητα Γράμου) се состои од само едно населено место — селото Грамушта и има 28 жители.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]