Еордеја (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општина Еордеја
Δήμος Εορδαίας
Dimos Eordeas - West Macedonia.svg
Општина Еордеја
на картата на Западна Македонија
Ptolemaida, Kozani prefecture, Greece - aerial view.jpg
Панорама на Кајлари
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Кожани
Гео. област:
Население: 46640 (2001)
Админ. центар: Кајлари
Нас. места: 28
Пошт. број: 502 00
Пов. број: 24630-27
Портал:

Еордеја (грчки: Δήμος Εορδαίας, Димос Еордејас) — општина во Кожанскиот округ, западна Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Кајлари (Птолемаида). Подрачјето на Еордеја приближно се совпаѓа со она што традиционално се нарекува „Кајларско“.

Општината е наречена по долномакедонската област Еордеја, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Еордеја е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на четирите стари општини Кајлари (Птолемаида), Каракамен (Вермио), Мурик (Мурики), Света Петка (Агија Параскеви) и општинската целина Влашка Блаца (Власти).[1]

Општинска единица Влашка Блаца[уреди | уреди извор]

Бившата община Влашка Блаца на картата на некогашниот округ Кожани.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Влашка Блаца (Κοινότητα Βλάστης) има 645 жители и опфаќа само едно населено место — Влашка Блаца (Власти).

Општинска единица Кајлари[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 г., општината Кајлари (Δήμος Πτολεμαΐδας) со седиште во Кајлари има население од 35 539 души и ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Кајлари
  • град Кајлари или Кајлар (Πτολεμαΐδα, Птолемаида) (28 942 жители)
  • Општински оддел Биралци
  • село Биралци (или Налбантќој; Περδίκκας, Пердикас) (1 854 жители)
  • Општински оддел Бошовци
  • село Бошовци (Μαυροπηγή, Мавропиги) (649 жители)
  • Општински оддел Дорутово (863 жители)
  • село Дорутово (Προάστιο, Проастио) (536 жители)
  • село Палија Амбелија (Παλιά Αμπέλια) (327 жители) новосоздадено
Поранешната општина Кјалари на картата на некогашниот округ Кожани.
  • Општински оддел Коман
  • село Коман (Κόμανος, Команос) (523 жители)
  • Општински оддел Конуj
  • село Конуј (Δροσερό, Дросеро) (327 жители)
  • Општински оддел Котлари
  • село Котлари (Πεντάβρυσος, Пендаврисос) (305 жители)
  • Општински оддел Липинци
  • село Липинци (Ασβεστόπετρα, Асвестопетра) (740 жители)
  • Општински оддел Ракита
  • село Ракита (Ολυμπιάδα, Олимпијада) (693 жители)
  • Општински оддел Требино
  • село Требено (Требино, Тремно; Καρδία, Кардија) (0 жители)
  • Општински оддел Харбино
  • село Харбино (Πτελεώνας, Птелеонас) (113 жители)
  • Општински оддел Чор
  • село Чор (Γαλάτεια, Галатија) (530 жители)

Општинска единица Каракамен[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Каракамен на картата на некогашниот округ Кожани.

Според пописот од 2001 г., општината Каракамен (Δήμος Βερμίου) со седиште во Учини (Комнина) има 3 483 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Учини
  • село Учини (Κομνηνά, Комнина) (1 120 жители)
  • Општински оддел Инско
  • село Инско (Инели, Инелево; Ανατολικό, Анатолико) (962 жители)
  • Општински оддел Катраница
  • Општински оддел Кремча
  • село Кремча (или Крмишта, Μεσόβουνο, Месовуно) (515 жители)886 жители)

Општинска единица Мурик[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Мурик на картата на некогашниот округ Кожани.

Според пописот од 2001 г., општината Мурик (Δήμος Μουρικίου) со седиште во село Емборе (Емборио) има 4 896 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Емборе
  • село Емборе (Εμπόριο, Емборио) (1 003 жители)
  • Општински оддел Дебрец
  • село Дебрец (Αναρράχη, Анарахи) (1 150 жители)
  • Општински оддел Ланга
  • село Ланга (Μηλοχώρι, Милохори) (743 жители)
  • Општински оддел Палеор
  • село Палеор (Φούφας, Фуфас) (857 жители)
  • Општински оддел Салпово (1 143 жители)
  • село Салпово (или С’лпово; Άρδασσα, Ардаса) (952 жители)
  • село Радуништа (Κρυόβρυση, Криовриси) (191 жители)

Општинска единица Света Петка[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Света Петка на картата на некогашниот округ Кожани.

Според пописот од 2001 г., општината Света Петка (Δήμος Αγίας Παρασκευής) со седиште во Трепишта (Агиос Христофорос) има 1 977 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Трепишта
  • село Трепишта (или Требишта; Άγιος Χριστόφορος, Агиос Христофорос) (810 жители)
  • Општински оддел Војводина
  • Општински оддел Козлуќој
  • село Козлуќој (Καρυοχώρι, Кариохори) (597 жители)
  • Општински оддел Ранци
  • село Ранци (или Франкоч; Ερμακιά, Ермакија) (436 жители)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]