Дреново (Костурско)
Дреново Γλυκονέρι | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°23.3′N 20°55.21′E / 40.3883°N 20.92017°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Нестрам |
Надм. вис. | 1.050 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Дреново (грчки: Γλυκονέρι, Гликонери; до 1928 г. Δράνοβο, Драново[1]) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Нестрамкол на 27 км југозападно од Костур и на 5 км западно од Нестрам. Лежело во северните пазуви на Грамошта, на десниот брег на реката Бистрица (овде наречена Белица).
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото било македонско, но во немирните години на крајот од XVIII век жителите го напуштиле, а на нивно место се доселиле Грци Качауни (погрчени Власи) од Епир. Се смета дека меѓу нив имало асимилирани Македонци.[2]
На крајот од XIX век Дреново било големо село во Костурската каза. Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ од 1900 г. го води Дрјаново (Дряново) како село во Костурскатата каза со 240 Македонци и 100 Грци.[3][4] Истовремено во Борботската нахија на Костурската каза тој посочува уште едно Дрјаново со 90 жители Арнаути христијани, кое можеби е денешното Дреново (Дриовуно) во Населичко.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново-Колоња е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново има 150 жители Грци и во селото работело грчко училиште, но податоците може да се однесуваат на другото Дреново.[7] Според Георги Константинов Бистрицки Дряново пред Балканските војни се состоело од 15 македонски куќи,[3][8] но според Георги Христов, сите овие куќи биле грчки.[9]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Дрјаново е означено како македонско село.[3][10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војниселото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година во него живееле 114 жители, кои во 1920 г. изнесувале 119 лица.[2] Во 1928 г. селото е преименувано во Гликонери, кога имало 130 жители.[2]
Селото се распаднало за време на Граѓанската војна и отпишано е во 1961 г.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 49 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени в Дряново
- Периклис Бакалис (Περικλής Μπακάλης) — андартски деец, агент од ІІІ ред[11]
- Христос Бакалис (Χρήστος Μπακάλης) — андартски деец, агент од ІІІ ред[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 18. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 198. ISBN 954-90993-1-8.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
- ↑ 11,0 11,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 76. ISBN 978-960-12-1724-6.
|