Дреничево

Координати: 40°27.27′N 21°5.57′E / 40.45450° СГШ; 21.09283° ИГД / 40.45450; 21.09283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дреничево
Κρανοχώρι
Дреничево is located in Грција
Дреничево
Дреничево
Местоположба во областа
Дреничево во рамките на Нестрам (општина)
Дреничево
Местоположба на Дреничево во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.27′N 21°5.57′E / 40.45450° СГШ; 21.09283° ИГД / 40.45450; 21.09283
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно245
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Дреничево или Драничево грчки: Κρανοχώρι, Кранохори; до 1928 г. Δρανίτσι, Драници[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол на 15 км југозападно од градот Костур и на 1 км на запад од патот Костур - Нестрам.[3]

Антика[уреди | уреди извор]

Во околината на Дреничево се наоѓал римскиот град Ватина, кој, судејќи по најдениот натпис од 193 г. играл важна улога во времето на царот Адријан.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Дреничево било македонско село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дреничево имало 280 жители Македонци-христијани и 20 Македонци-муслимани.[5][6] Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Учителот Михаил Кимов е уапсен од турските власти на 25 април 1903 г. заедно со Иван Стефанов, учител во Четирок.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреничево е чисто македонско село во Костурската каза на Горичиот санџак со 49 куќи.[9]

На почетокот на XX век сите жители на Дреничево биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреничево имало 382 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][10]

Грчка статистика од 1905 г. го претставува Дреничево како мешано македонско-турско село со 250 жители Македонци и 25 жители Турци.[11] Истата година четата на Никола Андреев ги убила гркоманите Наум Христов (28 мај) и Константин Стојанов (14 јуни) во нивните ниви крај селото.[12]

Во февруари 1907 г. турска војска успеала да убие тројца четници на ВМОРО кои ги обиколила во Дреничево.[13] Во статистиката на грчкиот академик Атанасиос Халкиопулос („Македонија : Етнографска статистика на Солунскиот и Битолскияот вилает“), Дреничево се води со 250 жители Македонци и 25 муслимани.[14]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Драници (Δρανίτσι) имало 35 семейства, од кои 5 муслимански и 30 „схизматични“ (т.е. непогрчени Македонци).[15]

Според Георги Константинов Бистрицки, Дреничево пред Балканските војни имало 40 македонски куќи.[5][16] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Дреничево со 50 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Турци.[17]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Таа година во него се попишани 301 лице.[3] По Нејскиот мировен договор 6 лица од Дреничево се иселиле во Бугарија по официјален пат. Во 1920-тите согласно Лозанскиот договор малобројното муслиманско население е иселено во Турција, а на негово место се доселени мошне мал број грчки колонисти, исто така од Турција. Во 1928 г. од вкупно 305 жители, само 17 лица (6 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[18][19][3]

Во 1927 г. селото е преименувано во Кранохори (буквален превод на името). За време на окупацијата во Втората светска војна во селото е создадена подвижна чета на бугарската паравоена организација „Охрана“, а во 1943 г. Дреничево било гаѓано со артилерија од италиански единици.[20]

За време на Граѓанската војна селото повторно силно настрадало — убиени се 37 лица, а 131 лица се преселиле преку границата (претежно во НР Македонија, а помалку во другите социјалистички земји).[21][3] 69 деца се изнесени преку границата како деца-бегалци.[22]

Жителите на селото се занимаваат претежно со земјоделство. Познато е по леќата и гравот.[23][3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 372 160 226 219 214 249 270 245
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Борци во МОО[уреди | уреди извор]

Жители на Дреничево кои се бореле како доброволци во Македонско-одринското ополченство (МОО) во Балканските војни:

  • Георги Михајлов Антонов — нестројна чета на VI Охридска дружина[26], загинал во Првата светска војна[27]
  • Андон Лазов (1882 – ?) — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[28]
  • Пандо Марков — I чета на VIII Костурска дружина[29]
  • Христо Колов — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[30]
  • Христо Николов — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[31]
  • Штерјо Николов — I чета на VIII Костурска дружина[32]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 18. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „Αρχαιολογικό Μουσείο“. Δήμος Άργους Ορεστικού. Архивирано од изворникот на 24 октомври 2016. Посетено на 14 октомври 2020.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 266. ISBN 954430424X.
  7. Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Иосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската организация. VIII (9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  8. „Draganof, Victor Bérard. Macedonia and the reforms, London, 1908“. Архивирано од изворникот на 2013-12-23. Посетено на 2024-02-13.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  11. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kranohori Архивирано на 26 јули 2007 г..
  12. Official documents concerning the deplorable condition of affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, номера 202 и 203
  13. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 170. ISBN 954-90993-1-8.
  14. A. Chalkiopoulos 1910: Ethnic statistics of Thessaloniki and Monastir vilayet. Athens. Haji & M.-CH. 1910
  15. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 139. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  16. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
  17. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  18. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kranohori., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 28 февруари 2008
  19. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  20. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  21. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kranohori Архивирано на 26 јули 2007 г..
  22. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kranohori Архивирано на 26 јули 2007 г..
  23. Δήμος Νεστορίου, Архивирано од изворникот на 2007-10-10, Посетено на 2008-02-28
  24. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 155–156. ISBN 954-90993-1-8.
  25. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 171. ISBN 954-90993-1-8.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 457. ISBN 954-9800-52-0.
  27. ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 478, л. 9, 10
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 405. ISBN 954-9800-52-0.
  29. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 428. ISBN 954-9800-52-0.
  30. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 357. Веројатно идентичен со Христо Колов. ISBN 954-9800-52-0.
  31. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 516. ISBN 954-9800-52-0.
  32. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 517. ISBN 954-9800-52-0.