Жужел
Жужел Ζούζουλη | |
---|---|
Мостот Куцумбли | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°10′N 21°1′E / 40.167° СГШ; 21.017° ИГДКоординати: 40°10′N 21°1′E / 40.167° СГШ; 21.017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Аренес |
Надм. вис. | 986 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 84 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Жужел (грчки: Ζούζουλη, Зузули) — село во југозападниот дел на Егејска Македонија, Грција, дел од општина Нестрам во административната област Западна Македонија со 84 жители (2001).
Географија[уреди | уреди извор]
Жужел се наоѓа на Жужелска Река, високо во североисточните падини на планината Смолика (Смоликас). Жужел е најјужното село на општина Нестрам и географски припаѓа на Епир, а не на Македонија. Близу до селото се наоѓа Жужелскиот мост.
Историја[уреди | уреди извор]
Во Османлиското Царство[уреди | уреди извор]
Според името, во XVIII век селото најверојатно е населено со Македонци, но е напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али паша Јанински и е населено со Грци од Епир. Кон крајот на XIX век Жужел е село во Борботската нахија во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Жужел има 120 жители Грци.[2]
Според податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Жужел има 125 Грци и во селото работат грчкото основно и гимназиско училиште.[3]
Грчка статистика од 1905 година го покажува Жужел како село со 189 жители Грци.[4]
Во Грција[уреди | уреди извор]
За време на Балканската војна селото е окупирано од грчки војници и по Втора балканската војна во 1913 година влегува во Грција. За време на граѓанската војна страда силно и е напуштено од жителите. По војната е повторно населено. Во 60-те години многу од жителите на Жужел се населиле во костурското село Мањак. Од 1997 година Висанско е дел од општина Аренес (Κοινότητα Αρρένων), која од 1 јануари 2011 година според закон Каликратис е споена со општина Нестрам.[5]
Пописи[уреди | уреди извор]
- 1913 - 305 жители
- 1920 - 268 жители
- 1928 - 351 жител
- 1940 - 423 жители
- 1951 - 399 жители
- 1961 - 437 жители
- 1971 - 31 жител
- 1981 - 15 жители
- 1991 - 234 жители
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Zozouli“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2017-03-18.
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Литература[уреди | уреди извор]
- Αδαμίδης, Αλέξανδρος. Η παλιά Ζούζουλη Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1996.
- Αντωνίου, Χρήστος. Η ιστορία της Ζούζουλης Καστοριάς[мртва врска]
|