Куцумбли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куцумбли
Γεφύρι Κουτσουμπλή
Γεφυρι Ζουζουλη.JPG
Поглед на мостот
Координати40°12′50″N 21°0′29″E / 40.21389° СГШ; 21.00806° ИГД / 40.21389; 21.00806Координати: 40°12′50″N 21°0′29″E / 40.21389° СГШ; 21.00806° ИГД / 40.21389; 21.00806
ПреминуваЖужелска Река
МестоБорботско, Нестрамско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
СледенЖужелски мост
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина30 м
Ширина2,5 м
Висина8 м
Најдолг распон14 м
Распони1
Историја
ЗавршенXVIII – XIX век
Местоположба

Куцумбли (грчки: Γεφύρι Κουτσουμπλή) — стар османлиски камен мост меѓу селата Жужел и Борботско, Нестрамско, Егејска Македонија.[1]

Мостот е изграден на крајот од XVIII или почетокот на XIX век. Веројатно е наречен по неговиот нарачател или човекот кој ги дал средствата. Претставува сводест полуцилиндричен мост со вкупна должина од 30 м и ширина од 2,5 м. Се смета за еден од најубавите мостови во западна Егејска Македонија.[2] На клучниот камен има релјефна глава. Градители на мостот биле Георгиос Димос, Цјамохристос и браќата Галанис од Борботско.[1]

Во 1988 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Βόλτα στα Πέτρινα Γεφύρια του Νομού Καστοριάς“. About Kastoria. 25 февруари 2016. Посетено на 22 декември 2020.
  2. „Γεφύρι Κουτσουμπλή (Επταχωρίου)“. Cyberότσαρκα. 16 јули 2011. Посетено на 7 март 2013.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΙΛΑΠ/Γ/929/15422/20-6-1988 - ΦΕΚ 494/Β/14-7-1988“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 5 мај 2018.