Грамушта (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грамошта (село))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грамушта
Γράμος
Грамушта is located in Грција
Грамушта
Грамушта
Местоположба во областа
Грамушта is located in Нестрам (општина)
Грамушта
Местоположба на Грамушта во општината Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°23.55′N 20°50.13′E / 40.39250° СГШ; 20.83550° ИГД / 40.39250; 20.83550Координати: 40°23.55′N 20°50.13′E / 40.39250° СГШ; 20.83550° ИГД / 40.39250; 20.83550
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&100000000000000013899991.390 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно18
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Грамушта или Грамошта (на костурски дијалект: Грамушча; грчки: Γράμμος или Γράμος, Грамос; до 1927 г. Γράμμοστα, Грамоста,[2] влашки: Gramosta) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Постолскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2011). Претставува најзападно населено место во Егејска Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 70 км југозападно од градот Костур, високо во пазувите на планината Грамошта (грцизирано: Грамос), на надморска височина од 1.390 м.[3] Во близина на селото е сместено планинското езеро Гиздово. Во непосредна близина е границата со Албанија. Атарот зафаќа површина од 59,4 км2

Историја[уреди | уреди извор]

Селото изворно било македонско, но пред повеќе од три века, во немирни времиња, населението било приморано да се пресели во близина на Горно Дреновени, основајќи истоимена населба. Во втората половина на XVIII век селаните го напуштиле и ова село, прибирајќи се во Горно Дреновени.[3] На нивно место се во Грамушта се населиле Власи.[4]

Во 1769 г. арнаутските банди го уништиле селото, заедно со соседните Линотопи, Ветерник, Пискохор, Лагор, Омотско и Загар.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Грамосъ (Грамости) има 160 жители Власи.[6] За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население. Селото било нападнато од арнаутски башибозук и успешно одбранета од четата на ВМОРО.[7]

Во 1905 г. според грчка статистика, селото имало 450 жители, а населението е лажно наведено како „грчко“.[8] Во пописите од 1913 и 1920 г. се води како напуштена населба. Пописот од 1928 г. дава 13, а оној во 1940 г. — 55 жители, сите од машки пол, што значи дека се работи за сточари кои напасувале добиток, а не за трајни жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Бројот никогаш не може точно да се определи, бидејќи жителите постојано се раселуваат.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 55 0 0 0 0 28 18
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Грамошта со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Грамошта, каде е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се користи само во летниот период бидејќи преку зимата нема услови за живот и опстанок на стоката. Се одржуваат непрекинати економски врски со гратчето Хрупишта.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γράμμοστα -- Γράμμος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14. 
  4. Οδοιπορικό στη Γράμμουστα
  5. Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  7. Дневник на Киряк Шкуртов, в: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.
  8. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Grammos.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]