Личотер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Личотер
Περιστερά
Личотер is located in Грција
Личотер
Личотер
Местоположба во областа
Личотер во рамките на Нестрам (општина)
Личотер
Местоположба на Личотер во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.59′N 20°59.52′E / 40.37650° СГШ; 20.99200° ИГД / 40.37650; 20.99200Координати: 40°22.59′N 20°59.52′E / 40.37650° СГШ; 20.99200° ИГД / 40.37650; 20.99200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000010610000001.061 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Личотер или Лисотер (грчки: Περιστερά, Перистера или Περιστεριά, Перистериja; до 1928 г. Λίτσιστερ, Лицистер,[1] Λιτσοτέρι, Лицотери) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес останала само црквата „Св. Никита“.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, 27 км југозападно од градот Костур и 5 км западно од општинското седиште Нестрам. Лежело во северните пазуви на планината Грамушта, на Личотерска Река, притока на Бистрица.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Личотер во минатото било македонско село, кое се растурило за времето на Али-паша Јанински. Подоцна, на негово место е подигната колибарска сточарска населба во која се сместиле Грци Качауни, и било толку незабележително што не се споменува во постарите статистики.[2] Кон крајот на XIX век Личотер било село во Костурската каза. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, и истата година во него се попишани 89 жители.[2] Во 1928 г. властите го преименувале во Перистера,[3] кога имало население од 104 лица. Во 1940 г. се населението бележело 114 жители, но подоцна се распаднало за време на Грчката граѓанска војна и денес не постои.

Од селото денес е преостаната само црквата „Св. Никита“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λίτσιστερ -- Περιστεριά
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 29.
  3. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  4. „Ο ναός του Αγίου Νικήτα στο εγκαταλειμμένο χωριό „Λιτσοτέρι" Νεστορίου“. Φως της Καστοριάς. 14 септември 2013. Посетено на 30 јули 2015.