Зеленград (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зеленград
Μεσόβραχο
Зеленград is located in Грција
Зеленград
Зеленград
Местоположба во областа
Зеленград is located in Нестрам (општина)
Зеленград
Местоположба на Зеленград во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.54′N 20°59.16′E / 40.45900° N; 20.98600° E / 40.45900; 20.98600Координати: 40°27.54′N 20°59.16′E / 40.45900° N; 20.98600° E / 40.45900; 20.98600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАкритес
Надм. вис.&100000000000010900000001.090 м
Население
 • Вкупно6
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Зеленград (грчки: Μεσόβραχο, Месоврахо; до 1927 г. Ζέλεγκραδ, Зеленград[1]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Има население од 6 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 км југозападно од Костур, крај границата со Албанија, во подножјето на планината Алевица.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Зеленовад како место со 23 христијански семејства и едно муслиманско [3] Населението подоцна го примило исламот во немирни времиња за поголема сигурност.[2] Според Стефан Верковиќ, во втората половина на XIX век во Зеленград имало 45 домаќинства со 157 жители Македонци-муслимани.[4][5]Кон крајот на XIX век Зеленград било македонско муслиманско село во Рупишката нахија на Костурската каза. Грчката статистика од 1905 г. вели дека имало 350 жители, кои погрешно ги претставува како Турци.[6] Во овој период, Милоевиќ нешто бележи 40 куќи.[2]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција, кога населението броело 304 жители.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово се доведени турски Грци, кои во 1928 г. броеле 93 лица (според други извори 60[7] или 72 лица од 18 семејства[8]). Во 1926 г. Зеленград е преименуван во Месоврахи, што во превод значи „меѓу врвови“.

Граѓанската војна и по неа[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1940 г. селото имало 110 жители.[2] За време на Грчката граѓанска војна доселените Грци од Зеленград се здружувале во банди кои пљачкосувале по околните македонски села, особено во соседното Калевишта. Населението на селото, од своја страна, се засолнило во побезбедните села. Голем дел од селаните решиле да не се вратат по војната, а две деца од Зеленград се испратени во странство како деца-бегалци.[9] Поради оваа ситуација, населението на селото се смалило на 55 жители во 1951 и 48 жители во 1961 г.[2] Поради оскудноста на почвата, дел од жителите решиле да се преселат во побогатите напуштени македонски села и во градот Костур, така што во 1971 г. населението се смалило на 27 жители, а во 1981 г. на само 16. Во следното десетлетие населението значајно се зголемило, бележејќи 58 жители на пописот во 1991 г.[2], но повторно почнало да опаѓа, смалувајќи се на 42 лица во 2001 и само 6 лица во 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 110 55 48 27 16 58 42 9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζέλεγκραδ -- Μεσόβραχον
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
  3. Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 116.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (бугарски) (изд. II.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 119. ISBN 954-9308-51-0.
  6. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesovraho.
  7. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi.
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesovraho.