Дреново (Населичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дреново
Δρυόβουνο
Дреново is located in Грција
Дреново
Дреново
Местоположба во областа
Дреново is located in Горуша (општина)
Дреново
Местоположба на Дреново во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.14′N 21°26.36′E / 40.36900° N; 21.43933° E / 40.36900; 21.43933Координати: 40°22.14′N 21°26.36′E / 40.36900° N; 21.43933° E / 40.36900; 21.43933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно251
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50003
Повик. бр.2465

Дреново (грчки: Δρυόβουνο, Дриовуно; до 1927 г. Δρυάνοβο, Дрјаново[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 251 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е смесетено на левиот брег на реката Бистрица, во западното подножије на планината Сињак. Лежии југоисточно од, Костур северозападно од Сачишта и околу 12 км североисточно од Лапчишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Преображеине“ е изградена во 1101 г. Нејзиниот живопис е од 1458 г., а фреските во нартексот се од 1805 г. Црквата „Св. Мина“ е од 1509 г.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на на XIX век Дреново било село во Населичката каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дреново било село во Костурската каза со 240 Македонци и 100 Грци.[5][6]

Во селото силно работела грчката пропаганда и успеала да го погрчки македонското население. На почетокот на XX век Дреново потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 155 „Грци“ под патријаршијата.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Дреново е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 666 жители.[3] На пописот 1920 г. населението се намалило на 546 лица. Во 1927 г. селото е преименувано во Дриовунон. Во 1928 г. населението се накачило на 650 жители кои во 1940 г. достигнале 740 лица.[3] Во 1960-тите населението почнало да се намалува. Најголем пад доживеало во 2000-те, кога нагло се преполовило во рок од десет години.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 740 656 717 537 510 531 402 251
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото произведува жито, тутун и компири, а застапено е и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρυάνοβο - Δρυόβουνον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 338.
  4. "Η ΝΕΑΠΟΛΗ". Το Βόιον. Посетено на 2 јануари 2015.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267 - 268.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.