Сокол (Населичко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сокол
Παρόχθιο
Сокол is located in Грција
Сокол
Сокол
Местоположба во областа
Сокол is located in Горуша (општина)
Сокол
Местоположба на Сокол во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°14.20′N 21°22.46′E / 40.23667° СГШ; 21.37433° ИГД / 40.23667; 21.37433Координати: 40°14.20′N 21°22.46′E / 40.23667° СГШ; 21.37433° ИГД / 40.23667; 21.37433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сокол (грчки: Παρόχθιο, Парохтио; до 1927 г. Συγκόλι(ον), Синголи(он)[2]) — напуштено село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Иако е запустено и во урнатини, селото не е отпишано.

Географија[уреди | уреди извор]

Напуштеното село се наоѓа во областа Населица, десетина километри јужно од гратчето Лапчишта и околу 7 километри југоисточно од Цотил. Лежи помеѓу свиоците на реката Праморица. Атарот на југ му се граничи со гребенското село Дувруништа.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Сокол (Сингол) било чифлигарско село во јужнот крај на Населичката каза. Според Васил К’нчов во 1900 г. во Сокол (Соколъ) живееле 30 Валахади (Грци-муслимани).[3]

Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. Синголион (Συγκόλιον) имал 50 Грци христијани,[4] очигледно погрешно заведувајќи им ја вероисповедта.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Сокол е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи пострадало во војните, на пописот од таа година е заведено како напуштено,[5] а истата состојба е забележана и во 1920 г.[6]

Во 1923 г. тука властите сместиле грчки дојденци од Мала Азија, па на пописот од 1928 г. е Сокол е заведен како наполно дојденско село со 68 грчки дојденци (20 семејства).[7]

Во 1927 г. е напуштено дотогашното грцизирано македонско име Синголи во полза на новото име Парохтио, што во превод значи „прибрежно“, веројатно поради неговата поставеност крај реката Праморица. Во 1940 г. селото се зголемило 189 жители, што се должи на понатамошните доселувања.[6]

Во 1950-те и 1960-те години селото било зафатено од бран преселби во градовите и во странство, поради што во 1961 г. се смалило на 92 жители,[6] а на крајот од тоа десетлетие било конечно напуштено. Денес сите градби се во рушевини, со исклучок на црквата „Св. Бесребреници“ и зградата на основното училиште.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 180 121 92 0 0 0 0 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]