Вроштани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вроштани
Άγιοι Ανάργυροι
Вроштани is located in Грција
Вроштани
Вроштани
Местоположба во областа
Вроштани во рамките на Горуша (општина)
Вроштани
Местоположба на Вроштани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°16.40′N 21°10.16′E / 40.27333° СГШ; 21.16933° ИГД / 40.27333; 21.16933Координати: 40°16.40′N 21°10.16′E / 40.27333° СГШ; 21.16933° ИГД / 40.27333; 21.16933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000930000000930 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно37
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Вроштани или Врождани (грчки: Άγιοι Ανάργυροι, Агии Анаргири; до 1927 г. Βρόστιανη, Вростјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 37 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи 30-ина километри југозападно од Лапчишта и околу 25 км северозападно од Цотил. На запад се граничи со селото Драмишта, а на југ со Костанско.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Од името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Вроштани било муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Вроштани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.

Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Вроштани (Βρόστιανη) живееле 140 Валахади (Грци-муслимани).[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Валахади во Вроштани во 1923 г., непосредно пред нивното иселување во Турција.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот истата година се заведени 279 жители.[4] кои во 1920 г. биле 286.[5]

Кон средината на 1920-тите жителите на селото како муслимани се иселени Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки доселеници од Понд. Во 1928 г. Вроштани е заведено како наполно дојденско село со 182 жители (46 семејства).[6]

Во 1940 г. населението на Вроштани броело 286 жители, но во 1960-тите населението драстично се намалило поради масовното преселување во градовите.[5] Ова намалување продолжило и понтаму, до денешен ден.

Во 1927 г. македонското име е сменето во Агии Анаргири (што значи Свети Бессребреници).

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 286 289 230 84 55 57 49 37
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува жито, компири, тутун и др. Делумно е застапено и сточарството.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρόστιανη -- Άγιοι Ανάργυροι
  3. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.