Сломиште
Сломиште Στέρνα | |
---|---|
Координати: 40°21.45′N 21°18.44′E / 40.35750°N 21.30733°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Лапчишта |
Надм. вис. | 740 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 20 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Сломиште или Сломишта (грчки: Στέρνα, Стерна; до 1927 г. Σολομίστι, Соломисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено околу 8 км северозападно од Лапчишта, на патот за Нестим и Рупишта. На северозапад се граничи со костурското село Ресулјани.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Сломиште било село во северниот дел на Населичката каза.
Сломиште е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век, како и од грчката статистика од 1904 г. на конзулатот во Еласона и онаа од 1910 г. издадена во Атина.
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. Сломиште е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 125 жители, а во 1920 г. имало 120.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Стерна. Во 1928 г. населението се накачило на 145 лица, а во 1940 г. достигнало 163 жители. Во следниот период почнало да опаѓа и неговото население продолжило да се смалува до денес.
Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1913 г. врз темелите на постар храм.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 163 | 137 | 120 | 101 | 94 | 76 | 46 | 30 | 20 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σολομίστι -- Στέρνα
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 346.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.
|