Лопеш
Лопеш Απιδέα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°18′N 21°19′E / 40.300°N 21.317°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 680 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 13 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лопеш (грчки: Απιδέα, Апидеја; до 1960 г. Ανάργυροι, Анаргири[2]; до 1927 г. Λώπες, Лопес[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 13 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во областа Населица, околу 5 км југозападно од гратчето Лапчишта.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Лопеш било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лопеш живееле 71 Грци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лопеш има 70 Грци.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лопеш живееле 90 Грци христијани.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 130 жители.[4]
Во 1940 г. населението достигнало 159 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 159 | 145 | 139 | 108 | 85 | 51 | 41 | 33 | 13 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Anargyroi -- Apidea“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-31.
- ↑ „Πανδέκτης: Lopes -- Anargyroi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-31.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 342.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-07-31.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
|