Жупан (село)

Координати: 40°12′N 21°09′E / 40.200° СГШ; 21.150° ИГД / 40.200; 21.150
Од Википедија — слободната енциклопедија
Жупан
Πεντάλοφος
Жупан is located in Грција
Жупан
Жупан
Местоположба во областа
Жупан во рамките на Горуша (општина)
Жупан
Местоположба на Жупан во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°12′N 21°09′E / 40.200° СГШ; 21.150° ИГД / 40.200; 21.150
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЖупан
Надм. вис.&100000000000010400000001.040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно446
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.500 07
Рег. таб.KZ

Жупан (грчки: Πεντάλοφος, Пендалофос; до 1928 г. Πετρόβουνο, Петровуно,[2] до 1927 г. Ζουπάνι, Зупани[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 446 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Населица, на југоисточните падини на планината Горуша, на надморска височина од 1.040 м, крај патот кој води за Борботско и Коница.[4] Во непосредна близина на селото е сместен Жупански мост.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во даночните записници од средината на XV век Жупани е споменато со 21 глава на семејства и една вдовица: Јорги, Димо, Мартин, Миле, Папа Стефан, Краимирос, Мано, Коста, Никша, Никола, Коста, Димос, Волкан, Михо, Јорги, Михо, Стајо, Николас, Јане, Михо, Никола и Стана. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.112 акчиња.[5]

Во XIX век Жупан било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, населението на Жупан броело 1.750 жители, сите Грци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Жупан живееле 1.675 Грци.[7]

Според грчка статистика од 1904 г. во Жупан живееле 2.200 Грци христијани.[8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 2.323 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 1.708 лица.[4]

Во 1927 г., името на Жупан му било применувано во Петровуно, но во 1928 пак му било применувано во денешното име Пендалофос.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Неговото население произведува компири, жито и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 2.323 жители, во 1920 година со 1.560 жители, во 1928 година со 1.708, во 1940 година со 1.752, во 1951 година со 1.144, во 1961 година со 981, во 1971 година со 814, во 1981 година со 789, а во 1991 година со 652 жители.[4] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.752 1.144 981 814 789 652 633 446
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 38 квадратни километри.[4] Општината Жупан била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жупан, во кој е единствено село.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица
  • Пошта

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Фреска со царевите Александар Македонски, Кир Велики, Пор и Дариј III од композицијата „Страшниот суд“ во црквата „Св. Ахил“, XVIII век
Цркви
Мостови

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Жупан

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). „Кожански округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 338.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 88
  6. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-04-13.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]