Чавалер

Координати: 40°15.54′N 21°11.52′E / 40.25900° СГШ; 21.19200° ИГД / 40.25900; 21.19200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чавалер
Κοιλάδι
Чавалер is located in Грција
Чавалер
Чавалер
Местоположба во областа
Чавалер во рамките на Горуша (општина)
Чавалер
Местоположба на Чавалер во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°15.54′N 21°11.52′E / 40.25900° СГШ; 21.19200° ИГД / 40.25900; 21.19200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чавалер (грчки: Κοιλάδι, Килади; до 1927 г. Τσαβαλέρη, Цавалери[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 3 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Населица, северно од Жупан и југозападно од Лапчишта, на помалку од 5 км југозападно од Царишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на ХІХ век Чавалер се води како муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Чавалер е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Чавалер (Τσαβαλέρ) живееле 150 Валахади (Грци-муслимани).[4] Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Чавалер е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 170 жители,[5] а во 1920 г. имало 146 лица.[3]

Кон средината на 1920-те жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 112 жители (31 семејства).[6] Во 1927 г. името му е сменето во Килади, што е изведено од поимот за „долина“.

Во 1940 г. Чавалер имал 160 жители, а следната 1951 г. достигнало 178 лица. Во 1960-тите населението почнало да се иселува и бројот на жители драстично се намалил.[3] Во следните десетлетија населението продолжило да се намалува, за да доживее уште еден бран на големо иселување во 2000-тите, по кој во 2011 г. се свело на само 3 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 160 178 169 69 58 36 43 3
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαβαλέρη -- Κοιλάδι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 350.
  4. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  5. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.