Прејди на содржината

Бања (Населичко)

Координати: 40°16′N 21°14′E / 40.267° СГШ; 21.233° ИГД / 40.267; 21.233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бања
Αγία Παρασκευή
Бања is located in Грција
Бања
Бања
Местоположба во областа
Бања во рамките на Горуша (општина)
Бања
Местоположба на Бања во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°16′N 21°14′E / 40.267° СГШ; 21.233° ИГД / 40.267; 21.233
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Бања (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; до 1927 г. Μπάνια, Бања[1])— поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Населица, 15 км југозападно од градот Лапчишта и околу 10 км западно од Цотил.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бања живееле 55 Грци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бања (Bania) има 55 Грци под патријаршијата. Според грчка статистика од 1910 г. населението на селото броело 45 жители,[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во истата година во Бања се запишани 43 жители.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Агија Параскеви. Во пописот од 1928 г. е забележано со 26 жители, а во 1940 г. со 27 жители.[4] Бидејќи Бања настрадала во времето на Граѓанската војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[4]

  1. „Πανδέκτης: Bania -- Agia Paraskevi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-15.
  2. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-07-15.
  3. „PDF pager“. anemi.lib.uoc.gr. Посетено на 2023-07-15.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.