Ајдонохор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајдонохор
Αηδονοχώρι
Ајдонохор is located in Грција
Ајдонохор
Ајдонохор
Местоположба во областа
Ајдонохор is located in Горуша (општина)
Ајдонохор
Местоположба на Ајдонохор во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18.43′N 21°21.32′E / 40.30717° N; 21.35533° E / 40.30717; 21.35533Координати: 40°18.43′N 21°21.32′E / 40.30717° N; 21.35533° E / 40.30717; 21.35533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000740000000740 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно45
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ајдонохор или Ајдарохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 45 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.[3]

Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.[4]

Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители.[6] Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.[2]

Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица.[2] Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова.[7] Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 343 153 156 70 66 56 70 45
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.
  3. Страница на поранешната општина Лапчишта (грчки)
  4. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  5. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Посетено на 3 јануари 2015.
  6. Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία
  7. „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Посетено на 4 јануари 2015.