Долос
| Долос Βυθὀς | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°12′N 21°8′E / 40.200°N 21.133°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Западна Македонија |
| Округ | Кожански |
| Општина | Горуша |
| Општ. единица | Жупан |
| Надм. вис. | 980 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 72 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Долос (грчки: Βυθὀς, Витос; до 1927 г. Ντόλος, Долос[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 72 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Населица, покрај патот Кожани–Лапчишта–Коница (ЕО20), околу 2 км северно од соседното село Жупан, високо во југоисточните падини на Горуша, на надморска височина од 980 м.[3]
Селото е разбиено, поделено на две издвоени маала: Горно Долос (Ано Витос), сместено под ридот Караула (1.188 м) и Долно Долос (Като Витос), во стрмната клисура на реката Сјуци.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото потекнува од словенскиот збор дол, односно ниско, вдлабнато место.[4] Иако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XVI век Долос било мало село, кога броело само 5–6 домаќинства. Меѓутоа, поради зулумите на албанските разбојници во текот на XVIII век, во селото се населиле жителите на сега раселените Фтери, Калуѓерица (Калогрица), Залци, Искиондоло и Стар Кримин (Палиокримини), а подоцна и од селата Кипсели, Филипишта, Сули и Черешово (Керасово) во Епир.[4]
Во ХІХ век Долос било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Долос живееле 561 жител, сите Грци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Доло е претставено како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 119 куќи.[6]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Долос (Δόλος) живееле 500 Грци христијани.[7]
За време на Борбата за Македонија (1895–1908), Долос важело за база на грчките андарти.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 770 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 559 лица.[3]
Во 1927 г. името на селото било променето во Витос (Βυθός).[2]
| Име | Име | Ново име | Ново име[9] | Опис[10] |
|---|---|---|---|---|
| Праморица | Πραμορίτσα | Рема | Ρέμα | река на И од Долос |
| Караула | Καραούλι | Скопос | Σκοπός | врв на Горуша на СИ од Долос (1.188 м) |
| Стражево | Στράζοβον | Маври Рахи | Μαύρη Ράχη | врв на Горуша на СЗ од Долос (1.335 м) |
| Нирикита | Νιρικήτα | Кодини | Κοντηνή | врв на Горуша на СЗ од Долос |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.[3] Во минатото, покрај земјоделството, мештаните се занимвале и со градежништвото.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 611 | 342 | 335 | 227 | 277 | 252 | 184 | 122 | 72 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 25 квадратни километри.[3] Општината Долос била приклучена во општината Жупан во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е седиште на општинскиот оддел Долос, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Пантелејмон“ — гробјанска црква, изградена во 1929 г.;
- Црква „Св. Архангели“ — некогашна манастирска црква; и
- Црква „Св. Илија“ — помала селска црква од крајот на XIX век, подоцна обновена;
Параклиси
- „Св. Богородица“
- „Св. Поликарп“
Езера
- Долоско Езеро — вештачка акумулација на реката Праморица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 „Πανδέκτης: Ntolos -- Vythos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-13.
- 1 2 3 4 5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 337.
- 1 2 3 4 Βούρος, Κωνσταντίνος (2013). Αρχιτεκτονική του Τοπίου ιστορικών ορεινών οικισμών. Ο διατηρητέος οικισμός Πεντάλοφος Βοΐου Κοζάνης. Μεταπτυχιακή Διατριβή (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Τμήμα Αρχιτεκτόνων Μηχανικών - Γεωπονική Σχολή. стр. 69.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 274. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 76.
- ↑ Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 519, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=(help) - ↑ „Εκπολιτιστικός Σύλλογος Βυθού Βοϊου Κοζάνης“. Архивирано од изворникот на 31 јануари 2009. Посетено на 1 јануари 2026.
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1050. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
| ||||||||||||||||||||||||||